Погледнете го домот на Ева Лонгорија кој се продава за 14 милиони долари

Гламурозно и луксузно

Актерката Ева Лонгорија, за новата гламурозна вила на Беверли Хилс издвоила повеќе од 13 милиони долари.

Поради тоа, нејзината вила во Лос Анџелес која ја купила пред нешто од две години се продава за 14 милиони долари.

Вилата која славната актерка ја продава е изградена во 1996 година, а неодамна била реновирана. Овој луксузен имот има четири спални соби, четири купатила и огромна камена тераса, а околу куќата има неколку базени и тениско игралиште.

Во нејзиниот досегашен дом сè е минималистички уредено, а низ големите прозорци од секоја соба се пружа поглед кон базенот. Актерката поседува и големо купатило и гардеробер со голем простор за шминкање и уредување.

Другата вила, маркетинг експертите ја опишуваат како “европска вила”. Таа се состои од три спални соби, три купатила, а покрај неа се наоѓа мала камена куќичка која е погодна за вински подрум.

Ева Лонгорија, минатата година се венчаше по трет пат за Хозе Антонио Бастон, директор на најголемата латиноамериканска медиумска корпорација “Grupo Presente”. Нивните нови соседи сега ќе бидат Џон Леџенд и Криси Тајген, како и Ким Кардашијан и Канје Вест.

Фото: Инстаграм, Фејсбук
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.