Поглед кој го запира здивот: Еве во каков луксуз ужива Џенифер Лопез

Пејачката и вереникот се почестиле со нов апартман

Џенифер Лопез и Алекс Родригез се почестиле со апартман на 36-тиот кат од станбената зграда “Парк Авенија 432”.

Трисобниот стан со четири бањи се простира на 370 квадратни метри, а она што го прави посебен е прекрасниот поглед кон Њујорк, со оглед дека станува збор за највисоката станбена зграда на западната хемисфера.

Облакодерот кој е под 24-часовна заштита поседува паркинг, просторија за деловни состаноци, приватно кино, базен, теретана, отворен простор за забава и рекреативен центар, а неговите станари имаат на располагање и ресторан кој го води готвач со три Мишелин ѕвезди.

Во вкусните залчиња и прекрасниот поглед кон Њујорк, парот ќе може да ужива во љубовното гнездо до кое води приватен лифт кој ќе ги заштити од љубопитните погледи на соседите.

Но, погледот кон Њујорк не е резервиран само за појадоци и уживање во кафето – во него Џеј Ло ќе може да ужива и додека се опушта со пенлива купка, со оглед на тоа што покрај еден од бројните прозорци на овој 3,7 метри висок стан има вградена самостоечка када. За него парот издвоил неверојатни 15,3 милиони долари што е дури 2,2 милиони помалку од она што продавачот го побарал.

Да напоменеме дека новиот дом на Џеј Ло е помал од претходниот четирисобен пентхаус кој се простирал на 600 квадратни метри. За овој стан, Лопез во ноември минатата година барала 26,95 милиони долари.

Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.