Парчиња мебел кои одлично прилегаат во сечиј дом

Секогаш е време за мала промена

Фото: Фејсбук

Секогаш бидете подготвени за мала промена во вашиот дом, без оглед на стилот во кој е уреден просторот.

Постојат елементи кои изгледаат одлично во секоја соба, па затоа не пропуштајте да се подновите се едно вакво парче мебел. Тука не ги вклучуваме најосновните, туку некои дополнителни парчиња мебел кои изгледаат неверојатно практично, но и се одлична декорација.

Еве кои парчиња мебел одлично прилегаат во сечиј дом.
Фото: Фејсбук

Маса во дневната соба која ќе ја користите исклучиво за декорација. Тоа е едно парче мебел кој дефинитивно додава неодолив изглед во ентериерот. Функционалноста и не е баш некоја предност, но дефинитивно ќе имате каде да ги изложите вашите омилени сувенири. Над неа закачете некое необично огледало или некое драго уметничко дело и ќе добиете прекрасно, уметничко катче.

Дневната соба не изгледа комплетна без ниска, необична масичка, помеѓу троседот и фотелјите. За разлика од претходното, ова парче е неверојатно функционално, а понекогаш и цветните аранжмани, свеќите или сувенирите се неопходни за декорација.

Фото: Фејсбук

Одберете мека столица, полна со сунѓер која е пријатна и удобна, но малку поразлична од целата дневна соба. Приоритет нека ви бидат живописните бои и интересните шари. Несекојдневниот ваков детал додава одредена топлина во ентериерот.

Дополнителните столчиња се секогаш добра идеја. Сместете ги под прозорот, измеѓу поставете мала висока масичка,а на неа оставете неколку списанија. Врз столиците или фотелјите префрлете мали меки прекривки, за потопол изглед.

Во никој случај не ги заборавајте масичките до креветот во спалната соба. Одберете масички во висина на креветот, но со поразлична боја и форма. Функционалноста им е на прво место бидејќи може да си оставите книга, списание, чаша вода, телефон и сè што ви е неопходно во вечерните и утринските часови.

Фото: Фејсбук

Тапацираната масичка е уште еден новитет во ентериерот кој е многу брзо прифатен и приспособен во секој стил на уредување. Може да го користите како масичка или пак како екстра столче кога имате полна дневна соба. Внатрешното складирање во овој тип на масички е уште една предност.

Фото: Фејсбук

Меката клупа, која наликува на двосед изгледа неверојатно елегантно во спалната соба. Наредете ја со многу перници и покривка во весели бои. Можеби нема да ја користите толку, колку што ќе ви создава неверојатно отмена и луксузна атмосфера во спалната соба.

Уникатен мебел изработен по ваша мерка и замисла можете да најдете во КАРАТ – М. Освен мебел, нудат и услужно кроење со голем избор на плочести материјали за мебеч. Нивната адреса е улица Благоја Стефковски бр. 23 , населба Маџари, а броевите за контакт се 022530770 и 022531800. Дополнителни информации можете да најдете и на www.karat-m.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.