Отмен, практичен и елегантен: Шест правила со кои вашиот дом ќе изгледа како од списание

Уникатни дизајни и ентериери

Фото: Пинтерест

Планирате да го уредите вашиот ентериер во кој сакате да додадете доза на елеганција? Со следните шест совети и скромен буџет, тоа можете и да го направите, а еве што советува дизајнерката Шерил Ејсен…

Три е магичниот број 

Шерил советува да ја украсите вашата омилена просторија со три уметнички дела кои можете и сами да ги направите. Сè што ви е потребно се три слики и три рамки во различни големини кои ќе го разиграат просторот.

Голем тепих

Доколку сакате визуелно да ја проширите просторијата, еве што советува дизајнерката:

Неутралната палета на бои, огледалото зад каучот и огромниот “бушав” тепих ќе ја направат вашата мала соба да изгледа поголемо”.

Помалку е повеќе

Не претерувајте со детали – полиците со малку книги, една вазна или неколку предмети делуваат отмено и скапо. Обрнете внимание предметите да бидат со различна боја и облик, а доколку имате празен агол во вашиот дом, едноставно поставете удобна столица и направете си мини катче за читање.

Еден ѕид во темна нијанса

Најевтиниот начин да ја направите здодевната просторија да изгледа како отмен француски будоар е да акцентирате еден ѕид во темна боја или да го прекриете со потемни тапети. Ваквиот необичен и нагласен ѕид ќе ѝ даде топлина и скапоцен изглед на собата.

Осветелен простор

Светлите простории се синоним за елеганција и отменост, но за истите да не изгледаат монотоно, освежете ги со интересни перничиња во црно-бела или друга интересна шара.

Различни стилови

Шерил обожува да го уредува просторот во неутрални бои, додавајќи бои, текстури и детали. Нејзината омилена комбинација на бои се белата, сивата и беж нијансата. Исто така, таа претпочита да меша различни форми и облици како на пример две бели столици од кои едната е во модерен дизајн, а другата изгледа многу стилски.

Фото: Пинтерест
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.