Новиот хит на „парче“ мебел е сe’ што ви е потребно за нов изглед на домот

Модерна трансформација и тренди додаток

Фото: indexrouge

Освен во светот на модата и убавината, трендовите се појавуваат и во светот на декорацијата на ентериерот и екстериерот.

На врвот на листата моментало се наоѓаат таканаречените „куќни лулашки“ кои многу од „lifestyle“ трендсетерите веќе ги имаат вклопено во нивните домови.

https://www.instagram.com/p/BwU5xzMjxe0/?utm_source=ig_embed

Ова удобно и естетски многу привлечно „парче“ мебел за момент може да го трансформира вашиот дневен престој, а доколку го украсите со перничиња и со некои декорации, ќе добиете идеално „катче“ за опуштање и читање на омилената книга. Многу мајки се согласија дека ова им е омиленото место за заспивање на нивните деца, па затоа доколку не сакате да ги поставите во дневната соба тогаш добро би ви дошло во детската соба.

https://www.instagram.com/p/BbeWfUTgj7H/?utm_source=ig_embed

Иако најдобро се вклопува во бохо стилот, „куќната лулашка“ и тоа како може да се вклопи и во модерно уреден дом.

https://www.instagram.com/p/BuigzaMFv2s/?utm_source=ig_embed

Исто така тоа што претставува голем плус за „куќната лулашка“ е тоа што во текот на летото без проблем може да ја поместите на балконот и да уживате на неа додека ги впивате сончевите зраци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.