Необични кактус столици – Уникатни и тренди

Одлични се за внатрешна и надворешна употреба

Дали некогаш сте биле магепсани од големи кактуси кои растат до завидна висина на отворено?

Ако одговорот е “да“, тогаш сигурно ќе ви се допаднат „Filicudi“ столчињата кои се инспирирани од бодликав кактус.

Типичната медитеранска вегетација вклучува и разни видови на кактуси – оние кои растат во мали саксии, но и оние со завидна висина кои успеваат на шпанското тло.

Меѓу нив е и “бодликавата круша“, кактус кој има вкусни плодови. Самиот облик на кактусот бил инспирација за уметникот и дизајнер Маркантони, кој за инталијанската компанија „Qeeboo“ ги дизајнирал овие столици.

Дизајнерите често пронаоѓаат инспирација во природата, понекогаш пренесувајќи форми на растенија за мебел. Таков е и случајот со овие столици, кои имаат потпирач и седиште сочинето од „кактус“, култно ратсение на Медитеранот, како што вели произведувачот.

Дизајнерот столиците ги замислил како парче мебел кое ќе ве потсети на опуштени моменти од одморот, незаборавните места кои сте ги гледале и ќе внесат доза топли медитерански ноти во вашите домови. Направени се од пластика и метал и чинат 599 долари.

Столиците се направени во бела и црна боја, како и во две различни нијанси на зелена боја. Одлични се за внатрешна и надворешна употреба.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време