Не ја потценувајте улогата на завесите во домот

Идеални и модерни решенија

Фото: Пинтерест

Завесите се детаљ, кој ја прави разликата во изгледот на еден дом. Со нивна помош обичната соба може да се претвори во пријатно, убаво и пространа место. Затоа не треба да ја потцените важната улога и да игнорирате нивниот избор меѓу мноштвото бои и форми во кои се нудат.

Дознајте кои се главните работи што треба да се земат предвид, за да изберете вистински завеси, кои ќе се претворат во совршен декор во вашиот дом.

За да најдете завеси кои ќе бидат функционални, издржливи и убави, мора да се утврди каква ќе биде нивната функција – декоративна, да ве заштити од сонцето и од студ или и комбинација од двете?

Фото: Фејсбук

Каков матријал да изберете?

Откако ќе одлучите што барате, треба да го изберете материјалот што ќе ги исполнува барањата. Свилата и ленот се материјали, кои се погодни за долги завеси, кои не пропуштаат директна сончева светлина, додека велур или твид се најпосакувани за изолирање на просторијата од студот (најмногу за куќи во планината и населени места со студена клима) . Памукот и тантелата се универзални решенија, ако завесата ви е потребна за „омекнување“ на светлината во собата.

Должината на завесите, исто така треба да се земе предвид. Таа треба да биде колку онаа на прозорецот, ако сакате завесите да паѓаат по целата должина на ѕидот – правилото е да го допира подот.

Бојата без сомнение е фактор кој влијае најсилно на крајниот резултат. Дали да изберете таква која ќе биде во синхронизација со ѕидовите или да се издвојува од нив?

Белите завеси се класика

Белите завеси се класичен избор, кои со себе носи и бројни поволности, меѓу кои се издвојува способноста да пропуштаат светлината. Затоа тие се совршен избор ако сакате да и дадете на собата повеќе светлина и просторност.

Оние од вас кои се храбри да се решат за шарени завеси, не треба да заборават дека е препорачливо боите да се комбинираат со мебелот во домот. Ако мебелот и декорот се шарени, добро е завесите да бидат еднобојни. Ако пак во вашиот дом има класичен и чист декор, може да изберете завеси во повеќе бои. Завесите во боја ќе бидат ваш помошник во моментите кога ви треба изолација, која како што знаеме е тешко остварлива во урбаните услови во кои живееме.

Фото: Фејсбук

Ако сте љубители на модерен дизајн – текстилните ролетни се она што ви е потребно. Практични се и истовремено модерни, а ќе бидат голем плус за малите прозорци дома.

Завесите се важен елемент од декор на секој дом. Независно од нивниот стил, боја, материјал или должина тие имаат голем придонес за создавање на атмосфера.

Уникатни и модерни завеси можете да пронајдете во салонот за завеси „Ралев“ кои што се стационирани на улица М.Т. Гологанов 98/1-2 Скопје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.