Најновите и најмодерните трендови за уредување на домот

Нова сезона – нови правила

Фото: Фејсбук

Доколку планирате реновирање или преуредување на вашиот дом за оваа пролет, тогаш мораме да ви соопштиме дека сте избрале идеално време за промена. Немојте да се плашите да испробате некој од овие трендови, бидејќи вашиот дом ќе изгледа модерно и освежено. Новите трендови се оригинални и забавни, а воедно и многу едноставни за комбинирање

1. Сино-црни ѕидови

Можеби е вистинско време да додадете малку боја на вашите бели ѕидови. И под боја не мислиме на некои светли, пастелни нијанси. Во прашање е темно сината и црната боја. Немојте да се грижите дека вашата соба ќе изгледа мрачно и темно, бидејќи оваа комбинација на бои ќе ѝ даде карактер и длабочина на просторијата, а воедно и одредена доза елеганција.

2. Скандинавски акцент

Скандинавското уредување на домот нè освои уште откако се појави. Светли, пространи простории, многу платно, удобност, впечатливи столици, бело, сиво, а ова е само еден дел од она што можеме да го очекуваме за оваа есен.

3. Беж тонови

Различните беж тонови се повторно во тренд. Важно е да ги комбинирате со други крем нијанси, како што се топлите бели и румени, за да го „скршите“ преовладувањето на една боја во просторијата. Сите овие нијанси во комбинација со мебел кој има дефинирани рабови и форма дава одредена доза софистицираност во вашиот дом.

Фото: Фејсбук

4. Комбинирање различни дезени без правила

На прв поглед можеби звучи нападно и претерано. Но, штом паднат температурите, слоевитото е препорачливо, без разлика дали е во прашање облеката или уредувањето на домот. Целата поента е во минимализираната прилика за комбинирање различни дезени. Пруги, точки, палми, крзно, животински принт, без никакви правила, бидејќи сѐ е дозволено

5. Монохроматски лајсни

Според непишано правило. лајсните, рамките и истакнатите делови се обоени во некоја спротивна боја од ѕидот, по можност бела. Но, оваа сезона тоа паѓа во заборав. Целта е сето тоа да биде во иста боја како и ѕидот кој го опкружуваат. И верувале или не, ова изгледа одлично!

6. Природни материјали

Природните материјали се секогаш подобри од вештачките. Не само кога се во прашање облеката и обувките, туку и мебелот. Тие се сѐ повеќе актуелни, па стануваат составен дел и од просториите каде што претходно ги немало. На пример, маса и столици во кујната или голем лустер кој ги осветлува. Одлично се комбинираат со другите материјали и се вклопуваат во различни стилови, така што нема причина да не се обидете да ги вклопите и во некоја од вашите простории.

Фото: Фејсбук

ПРО – ДИЗАЈН  е компанија која е основана 2000-та година со главна дејност продажба на високо квалитетни плочести материјали и оков за изработка на мебел од познати светски производители како EGGER, VIEFE, HETTICH, KESSEBOEHMER и BLANCO; како и вршење на услуги поврзани со процесот на изработка на мебел и делови од мебел. Благодарение на употребата на најсовремената технологија при третирање на материјалите, ПРО-ДИЗАЈН нуди прецизна и високо квалитетна обработка на истите.

Оплеменета и неоплеменета иверица, медијапан, лесонит, кујнски плотни, ОСБ плочи и други материјали, во повеќе од 120 дезени и во различни формати и дебелини.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.