Најнов тренд во светот на декорот: Совршен детаљ кој ќе го освежи ентериерот во вашиот дом

Ќе се вљубите во овој аксесоар на прв поглед

Фото: Пинтерест

Ви гарантираме дека веднаш ќе се заљубите во овие симпатични аксесоари.

Станува збор за декоративни перници направени од текстил од Мали, кој е рачно изработен од памук. Текстилот го добива својот графички дезен така што на нему неколку пати се црта со кал, а потоа се остава да ферментира околу една година.

Иако сега најчесто се изработуваат од страна на мажи, во 12-тиот век овој текстил бил исцртуван исклучиво од жени.

Пред да се примени било каква кал, ткаенината се потопува во боја која е направена од листови на дрвото “n’gallama”, кој го претвора памукот во жолта боја.

Кога ткаенината ќе се исуши, се цртаат мотиви од кал со помош на четка или стенсили. При сушењето на сонце, калта оксидира и добива црна боја која останува и по перењето. На крајот, мотивите од кои секој претставува нешто друго, се исцртуваат со помош на избелувач или сапун со цел да се добие бел дезен.

Ваквиот текстил се нарекува “bògòlanfini”, што во буквален превод означува “каллива ткаенина”. Најчести се перничињата во црнобела комбинација на бои иако постојат и други предмети кои одлично ќе го надополнат ентериерот во вашиот дом.

Фото: Пинтерест
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.