Луксузно и елегантно – Погледнете како изгледа домот на Лепа Брена

Нејзиното богатство се проценува на 50 милиони евра

Што уште да се каже за неа? Освои се‘ што можеше да освои од награди, успеа да биде препознатлива за претходните, сегашите и идните генерации на овие простори. Нејзините песни се хитови, евергрини, остануваат за секогаш… Цела Југославија ѝ се поклони, а таа беше со статус на икона. И денес е, но времињата се изменија…

За Лепа Брена што и да се каже ќе биде малку. Таа е најголема Балканска ѕвезда со години… и трае и трае… Имаше најуспешна кариера од сите пејачи. Во времето на поранешната држава важеше за национален симбол, ненандминлива… Долгонога убавица која направи милиони со својата работа, посветеност, концерти, полнење стадиони, појавување во светските медиуми… 40 милиони продадени плочи…

Сега работи со истиот жар, но многу повеќе е посветена на семејниот живот. Долги години е во брак со еден од најдобрите југословенски тенисери Бобан Живоиновиќ и имаат двајца синови.

Нејзиното богатство се проценува на околу 50 милиони евра. Нема што нема и не го крие тоа. Продукција, телевизија, станови во Монте Карло, Будва, вили во Мајами и Флорида, куќи во Србија и Босна.

Секако, најубава е палатата во која живее, а се наоѓа во Белград. Брена вели дека вложила многу труд околу уредувањето но и дека многу нешта во куќата се и многу скапи. Неодамна, ова здание беше проценето на два милиони долари.

Еве како изгледа луксузот на ненадминливата музичка дива:











Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.