Излезе новиот број на магазинот за уредување на домот „Home Style“

Новиот број на Home Style нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето домашно засолниште од соништата!

Во продажба е петтиот број на специјализираното списание за уредување на домот „Home Style“, во кое ќе најдете многу совети, идеи, трендови и новитети за пролетен „мејковер“ на вашиот дом.

Ви претставуваме дел од содржините на новиот број:

АРХИТЕКТУРА ЛЕЛЕАВА БЕТОНСКА ЛУШПА

Mал објект со комплексна форма на двојно закривена лушпа. Наместо класична фасада, за формирање на оваа градба е користена 3Д-печатена ткаенина, развиена на ЕТХ во Цирих…

ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ПОД ЗЕМЈА

„Интернешнел Шангај вондерленд“ – прв хотел во светот одликуван со пет ѕвезди што се наоѓа 90 метри под земја, во стар каменолом во Шангај…

ПРОСТОР МОДА ИНСПИРИРАНА ОД УМЕТНОСТА И АРХИТЕКТУРАТА

Модниот бренд ЦОС инспирацијата за својот нов објект во Чикаго ја пронашол во своевиден микс од архитектурата и сликарството, односно во делата на големиот Лудвиг Мисо ван дер Рое, во комбинација со сликарството на Пиет Мондријан…

ОД СВЕТОТ КАКО СЕ ЖИВЕЕ ВО БЕЛАТА КУЌА?

Сите претседатели имале свои навики и желби повеќе по прашањето за надворешниот простор отколку за ентериерот, со кој главно се занимавале нивните поубави половини.

ДИЗАЈН ФУНКЦИОНАЛНОСТ И ЕСТЕТИКА

Кога барате мебел што ќе одговара на вашиот стил, треба да ја најдете совршената комбинација од функционалност и естетика, но експертите советуваат да не импровизирате, туку да побарате професионална помош, каква што нуди студиото „Мартема“…

ЕНТЕРИЕР ПРОСТОР БЕЗ ГРАНИЦИ

Семејниот дом со раскошна површина настанал со соединување дури на три станбени единици и зазел цела половина од кат на врв на солитер…

ПРОЕКТИРАЊЕ ОСВЕТЛЕНИЕ

За осветлението треба да размислувате навреме, пред да почнете да се занимавате со боите и со тапетите или со подните облоги…

ШАРМАНТНА КОМБИНАЦИЈА

Спојот на суров бетон и нежни бои во овој дом на младо семејство во Рио де Жанеиро резултирал со неодолив шарм, кој шири оптимизам…

УРЕДУВАЊЕ ТОА Е ДЕТАЉОТ

Не е сеедно дали во просторијата ќе поставите подни или ѕидни ламби или, пак, лустер, бидејќи секој вид светлосно тело на поинаков начин го осветлува просторот.

ТАПЕТИ РАЗНОВИДНОСТ ОД БОИ И ТЕКСТУРИ

Ви ги даваме најважните информации што би требало да ги имате предвид при изборот на тапетите за својот дом.

ОРИГИНАЛНА МАСИЧКА

Не е редок случајот одвреме-навреме да пронајдете некаква идеја или проект што е толку оригинален што во истиот момент го посакувате во својот дом. Нас нѐ воодушевија масички од трупци и од гранки…

ПРИСПОСОБЕТЕ ГО ДОМОТ НА СВОЈАТА ЖИВОТНА ДОБА

Генерално, секоја животна доба носи свои приоритети и одреден начин на живот, што може да се покаже битно во уредувањето на секој станбен простор…

СТИЛОВИ НА ЕНТЕРИЕР ЗА ТЕСЕН ХОДНИК

Ограничениот простор во ходникот мора да биде убаво уреден, но не морате секогаш да се држите до еден стил.

ПЛАНИРАЊЕ ДЕТСКА СОБА

Уредувањето на детската соба претставува проектно предизвикувачка задача, избегнете грешки што може скапо да ве чинат…

МОДЕРНО, ВЕСЕЛО, ДИНАМИЧНО

Се чини дека веселите бои загосподарија и во бањата, секако со елементи што нудат функционалност и решенија што овозможуваат лесно одржување.

МИКРОГРАДИНИ

Презафатените љубители на градинарството, како и оние што немаат среќа да имаат сопствен двор, секогаш ќе најдат начин да посадат билка…

РАЗЛИЧНИ ВКУСОВИ, РАЗЛИЧНИ АМБИЕНТИ

За да се чувствувате пријатно во бањата, многу е битно со правилен избор на плочките, мебелот, санитариите и осветлувањето да ја постигнете посакуваната естетика…

СОВЕТИ 6 ЧЕКОРИ ДО ПОБЕЗБЕДЕН ДОМ

Токму поради тоа што е многу лесно опуштањето во сопственото царство, во него се случуваат и несреќи, кои понекогаш може да имаат и многу сериозни последици. Ви сугерираме мерки на претпазливост…

СКАЛИ ВО ЕНТЕРИЕРОТ

Скалите се неизоставен функционален и конструктивен елемент од секој објект на повеќе нивоа и несомнено имаат големо влијание на просторот во кој се наоѓаат…

ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ УРЕДУВАТЕ МАЛ ПРОСТОР?

Многу проблеми ќе решите со добро осмислени парчиња мебел, кои може да ви ги направи столар, или, пак, со идеи што ќе ви помогнат да заштедите простор

ИГРИ НА БОИ И ОБЛИЦИ

Елементите украсени со соодветна мостра ќе го комплетираат и дополнително ќе го нагласат карактерот на просторот. Ве советуваме како правилно да примените неколку вообичаени мотиви.

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.