Импресивен ентериер: Боженствен пентхаус во кула-часовник

Совршенство!

Доколку од било кој дел на Сан Франциско погледнете кон SoMa (South of Market), Вашето внимание ќе го привлече една необична градба, сместена на малиот рид кој гледа кон градот.

Овој постар објект од почетокот на 20. век крие еден исклучително шармантен апартман кој го зафаќа последниот кат од оваа кула-часовник.

“Тој е, дефинитивно еден од најоригиналните апартмани кои постојат”, вели Ерик Тарнер, агент за недвижнини во Sotheby’s International Realty, кој е задолжен за продажба на ова место.

Градбата датира од 1907. година, додека кулата со часовникот е доградена 15 години подоцна. Зградата, некогаш била седиште на компанијата Max Schmidt Lithograph, која во тогашното време била најголемата печатница на западниот брег на САД.

Деталната реновација е извршена во 1992. година, кога зградата била поделена на станбени единици. Со тоа биле изградени 127 станови, меѓу кои се наоѓа и овој импресивен пентхаус.

Во просторот од 280 метри квадратни се наоѓаат три спални соби, две купатила, пространа дневна соба, просторија за забава и најубавата просторија – боженствената соба во која се сретнуваат “четирите лица” на масивниот часовник.

Посебен шарм во ентериерот пружаат оригиналните ѕидови од цигли и бетон, изложените челични греди и заоблените прозорци. Главната спална соба поседува заоблено поткровје и просторија која служи како гардеробер.

Станот може да се пофали и со надворешен простор, кој се простира на 110 метри квадратни. Големата тераса се обвива околу станот и нуди панорамски поглед кон целиот град.

Вредноста на овој стан е проценета на 6,25 милиони долари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.