Ѕирнете во најпознатата холивудска куќа за забави

Куќата што Џон Лутнер ја проектирал во далечната 1963 г. претставува значаен споменик на архитектурата, кој постојано се развива.

Сигурни сме дека обожавателите на најкултниот од сите филмови на браќата Коен, комедијата „Големиот Лебовски“, добро ги паметат повеќето, ако не и сите сцени од овој филмски класик, снимен во 1998 година. Затоа и не се сомневаме дека се сеќаваат на сцените од впечатливата вила на лигавиот порно-режисер Џеки Трихорн (Бен Газара).

Иако денес е познато како „Биг Лебовски вила“, ова луксузно здание е сместено високо над Лос Анџелес и всушност е една од најпознатите холивудски вили за забави, но и најславен примерок на модерната американска архитектура.

Нејзин сопственик е Џејмс Голдстејн, инаку специфичен милионер и еден од најголемите НБА-навивачи, која во 2016 г. му ја препушти на градскиот музеј на уметноста во Лос Анџелес, со надеж дека отворањето на вилата за јавноста ќе ги инспирира луѓето да градат архитектонски покреативни куќи.

Таа остана во оригиналната состојба, што го вклучува и моменталниот изглед на нејзините раскошни градини, како и поголема модна колекција и цела низа вредни уметнички дела што се наоѓаат во куќата. Така, големата уметничка колекција на Голдстејн вклучува дела на Ед Рушеј и Кени Шерф, а резиденцијата може да се пофали и со познатата светлосна инсталација „Скајспејс“ на уметникот Џејмс Турел. Во соседниот објект Голдстејн дури го креирал и фамозниот клуб „Џејмс“, со бар и седишта „врежани“ во бетонскиот под.

Инаку, ова големо здание „Шитс Голдстејн“, како што му е денес службениот назив, го осмислил и изградил во 60-тите години од минатиот век познатиот американски архитект Џон Лутнер, еден од најуспешните студенти на легендарниот Френк Лојд Рајт.

Лутнер наедно се погрижил и за дизајнирањето на голем број елементи во ентериерот, како прозорци без „рамки“ и бетонски подови, за да ја избрише колку што е можно повеќе границата помеѓу ентериерот и екстериерот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.