За спалната соба избегнувајте ги овие 5 бои

Совети од експерти

Спалната соба е местото каде се чувствуваме најдобро и сигурно е дека токму тука сакаме да се чувствуваме пријатно и опуштено во секое време.

Затоа е многу важно какви детали и бои вклучуваме во него, и ако се двоумите околу изборот на бојата на sидовите, прочитајте го овој текст.

Црна

Покрај затемнување на просторијата, боја како црна ќе создаде илузија дека собата изгледа помала отколку што е всушност. Иако темнината може да ви помогне да заспиете побрзо, тоа последователно ќе ја спречи вашата можност да станете наутро. Темнината психолошки ќе ја намали вашата енергија.

Неонски бои

Секогаш треба да избегнувате употреба на неонски бои бидејќи тие носат возбуда и енергија во спалната соба, објасни дизајнерот на ентериер Шад Елиа. Во таква атмосфера ќе ви биде потешко да се опуштите, што е целта на спалната соба. Наместо тоа, Елиа препорачува да се користат посветли нијанси на сива и беж боја.

Жолта

Жолтата е многу стимулирачка боја, бидејќи ние најчесто ја поврзуваме светлината на Сонцето. „Иако веселиот тон може да биде одличен за почеток на денот, на оние што ќе се одлучат за соба со оваа боја, најверојатно ќе им биде потешко да заспијат навечер“, вели Кимберли Смит, шеф на маркетинг.

Црвена

Како жолтата, црвената е впечатлива боја. Може да предизвика чувство на немир или вознемиреност. „Овие бои често се користат во маркетингот затоа што ги стимулираат сетилата и тоа не е нешто што го сакате кога се обидувате да заспиете“, објасни Карин Сун. Овие бои се посоодветни за места кои поттикнуваат активност.

Темно кафеавa

Темните бои овозможуваат чувство на тежина и темнина. Ова може да ја намали мотивацијата да се разбудите наутро. Меѓутоа, ако сакате темни бои, користете ги како боја на акцент наместо како главна боја.

Прочитајте и: Вилата на Џејмс Бонд се продава – Од оваа цифра ќе ви се заврти во глава

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.