Во продажба е третиот број на „Home Style“ – Сè што ви е потребно за домот од соништата

Архитектура, дом, дизајн и уредување

Новиот број на Home Style нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето домашно засолниште од соништата!

Во продажба е третиот број на специјализираното списание за уредување на домот Home Style by „Убавина и здравје“, powerеd by Brava Casa. A во него ќе читате:

АРХИТЕКТУРА

ДИЈАМАНТСКА ГРАДИНА Скопје доби уникатен печат со новиот објект за домување и бизнис „Адора Diamond Garden“, кој ја облагороди современата урбана слика на главниот град на Македонија.

УЛТРАМОДЕРНО ДОМУВАЊЕ НАЈПОЗНАТА ХОЛИВУДСКА КУЌА ЗА ЗАБАВИ

Куќата што Џон Лутнер ја проектирал во далечната 1963 г. претставува значаен споменик на архитектурата, кој постојано се развива.

ПРОСТОР

„ФАЈВСТОРИ“ Симбиоза на раскошот на високата мода и единствениот ентериер

ДИЗАЈН

ПОЛИЦИ ШТО ГО МЕНУВААТ ОБЛИКОТ Бројот на предметите што ги поседуваме постојано се менува, па дизајнерите на мебел го сфатија тоа како потреба дека и системот на полиците треба да ја следи оваа промена.

ОД СВЕТОТ

ЛУКСУЗНО ДОМУВАЊЕ ВО МЕТРОПОЛИТЕ Пет познати дизајнерски фирми открија што е тоа што клиентите најчесто го бараат при уредувањето на своите луксузни станбени простори во пет различни метрополи: Њујорк, Лондон, Мајами, Лос Анџелес и Сиднеј.

ЕНТЕРИЕР

ПРОСТОР ИСКАПЕН ВО СВЕТЛИНА Изобилството дневна светлина, сјајните подови, ведрите колоритни акценти и топлото осветлување го претвориле овој мал стан во удобен и топол дом за две сестри.

ШАРМАНТЕН ДУПЛЕКС СО ЖЕНСКИ КАРАКТЕР За да се среди просторот во согласност со потребите на моменталната млада станарка, но и за случај на евентуални идни промени, сопствениците го ангажирале архитектот Маврицио Пелицони, кој совршено одговорил на сите нивни барања.

ПОНУДА ОД ДОМАШНИТЕ САЛОНИ

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ГО ИТАЛИЈАНСКИОТ ШАРМ „Натуци“ е бренд познат по кожени гарнитури и во моментов е број 1 бренд во светот. Повеќето гарнитури од овој бренд се со релакс-механизми, кои нудат удобно седење и убав дизајн, а цената се вклопува во квалитетот што го нуди „Натуци“.

СОВЕТИ

ПРАКТИЧНО ДОМУВАЊЕ ВО МАЛ ПРОСТОР Недостигот од квадратура најчесто ги мачи младите семејства во становите во новоградба, а критични точки обично е премалата отворена дневна зона, како и тесното претсобје и бања. Еве неколку совета како да ги ублажите овие проблеми.

ЕНТЕРИЕР

ДОМ ИСПОЛНЕТ СО БОИ Станува збор за животен простор на брачна двојка, која посакала просторот да го направи што поубав и посоодветен за своите потреби.

ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ

25 ИДЕИ ДА ГО РАЗУБАВИТЕ СВОЈОТ ДОМ За да ви помогнеме да внесете убавина во својот дом, ви ги претставуваме најатрактивните предлози за уредување на просториите.

УРЕДУВАЊЕ

ДОТЕРУВАЊЕ НА КУЈНАТА Промена на мебелот или на ѕидните облоги секако е најскапата варијанта, но освен на овој начин, има и други трикови со чија помош можете да го освежите овој дел од својот дом.

СОВЕТИ

СОВРШЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО КУЈНАТА Ви претставуваме водич за складирање на кујнските предмети околу три центри – фрижидерот, шпоретот и мијалникот.

СОФА Четири нешта на кои треба да се внимава при купувањето.

ДЕКОРИРАЊЕ СО ЦВЕТНИ ТАПЕТИ Доколку сакате да го направите просторот разигран, а притоа сакате цветен дезен, слободно декорирајте го својот дом со тапети токму со овој мотив. Тоа е вонвременска и елегантна идеја, која никогаш не излегува од мода.

ДОБРО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА ДОБРА АТМОСФЕРА Осветлувањето е еден од најзначајните елементи за креирање на посакуваната атмосфера во ентериерот. Затоа ви подготвивме мал водич за негово правилно планирање во станбениот простор.

УРЕДУВАЊЕ

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ ПРЕДМЕТИ Речиси сите семејства што живеат во станови имаат проблем со простор за складирање предмети. Понекогаш решението е купување одредено парче мебел, како плакар или комода со фиоки.

ДРВО ВО ДНЕВНАТА СОБА? ЗОШТО ДА НЕ! Собните билки се ваша голема страст и подготвени сте на сериозен чекор? Иако можеби бара поголема грижа, мало дрво лимон, банана, маслинка или смоква ќе изгледа многу убаво во вашата дневна соба.

ЕНТЕРИЕР КАКО ОД МАГАЗИН Ви претставуваме неколку едноставни трика со чија помош која било просторија во вашиот дом во секој момент ќе изгледа подготвено за фотографирање.

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО УБАВА БАЊА Максимално функционална, лесна за одржување и привлечна.

НА НАСЛОВНАТА: Елена Ѓорговска во Natuzzi Edition ФОТО: Александар Велов Фустан: Penny Black Чизми: Penny Black Шминка: Магдалена Медичи Златен ретривер Леон

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време