Во продажба е новиот број на Home Style: Модерен ентериер што остава без здив

Новиот број на Home Style нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето домашно засолниште од соништата!

Во продажба е четвртиот број на специјализираното списание за уредување на домот Home Style by „Убавина и здравје“, powerеd by Brava Casa. A во него ќе читате:

АРХИТЕКТУРА
6 ФАБРИКА „КАРПОШ“ СЛАВИ 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
Сѐ што се работи со љубов не е тешко!
Фабрика „Карпош“ е една од најстарите фабрики во Македонија, постои од далечната 1948 година, а овој значаен јубилеј го одбележува со повеќе големи проекти…

ПРОСТОР

12 ПРВАТА СТОКОВНА КУЌА ВО СВЕТОТ

Во далечната 1852 година Арстејд Бусико и неговата сопруга Маргарит ја отвориле првата стоковна куќа во светот, а идејата била – сосема нов концепт на продавница, која ќе ги поттикне сите сетила и ќе претставува спој на неконвенционалност и елеганција

 

16 ВОЛШЕБЕН ДЕТСКИ СВЕТ

Детскиот едукативен центар во Шангај е осмислен така што уживајќи во него децата стекнуваат знаења од различни области

ДИЗАЈН
18 РОШ БУБОА
Француска компанија, водечки производител на дизајниран мебел во светот, со 250 синџири на продавници. Софите на „Рош Бубоа“, како и фотелјите, масите
и столовите, креветите, комодите и другиот домашен мебел, се оригинални и изработени по мера, а ексклузивно се прават во Европа.

ЕНТЕРИЕР
22 ЛУКСУЗЕН ДУПЛЕКС СО МАШКИ КАРАКТЕР

Лиценцираното архитектонско студио за проектирање и изведба на
архитектонски проекти „Баулаб“ овој декември во Скопје го финализира воодушевувачкиот дуплекс Bachelor flat, со површина од 80м2.

СОВЕТИ

26 ПРАКТИЧНО ДОМУВАЊЕ ВО ПАМЕТЕН ДОМ
Вклучете си го греењето дома пред да си одите од работа. „Консултирајте“ се со фрижидерот околу рецептот за ручек. Заштедете струја со паметни светилки.

ЕНТЕРИЕР

30 МОДЕРЕН ЕНТЕРИЕР ШТО ОСТАВА БЕЗ ЗДИВ

Прочистени форми и минималистички линии стоплени со топла црвена нијанса, која го привлекува вниманието. Едно од главните правила за мал стан да изгледа поголемо е да не се претрупува ниту со мебел ниту со дреболии – затоа овој ентериер е совршен пример за уредување.

36 ПРИСПОСОБЕНО НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПОТРЕБИ

Млада двојка ангажирала студио за да им креира животен простор што, покрај основните станбени функции, ќе им нуди и услови за работа од дома, но и дом што ќе биде што поперсонализиран, така што повеќето елементи се дизајнирани и изработени специјално за нив

УРЕДУВАЊЕ
40 БРЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДНЕВНАТА СОБА
Сосема е нормално по некое време изгледот на вашата дневна соба комплетно да ви здосади и да го изгуби „она нешто“. Бидејќи оваа просторија е срцето на домот, исклучително е важно во неа да се чувствувате пријатно и задоволно.

ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ
44 СОСЕМА ПОИНАКОВ ИЗГЛЕД НА МЕБЕЛОТ
Кога станува збор за колоритот во домот, обично се ограничуваме на боење на ѕидовите. Факт е дека со промена на бојата на толку голема површина можеме, речиси целосно, да го измениме изгледот на некоја просторија, меѓутоа не треба да се заборави на тоа дека со боењето мебелот ќе изгледа сосема поинаку.

УРЕДУВАЊЕ

50 ФОТОТАПЕТИ ЗА МОДЕРЕН ЕНТЕРИЕР

Освен што се поквалитетни и поразновидни во однос на поранешните, денес е можно која било фотографија да се преточи во овој вид тапет, кој целосно ќе ја освежи просторијата

 

52 ЗОНА ЗА ГОТВЕЊЕ

Функционално искористен простор, иновативни материјали, модерен дизајн, софистицирани уреди, големо внимание насочено на деталите – сето тоа се одлики на кујните што ги претставуваат водечките производители.

СОВЕТИ

58 НЕВИДЛИВИОТ СОЈУЗНИК НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА

Ормани што се отвораат само со еден допир, врати што лесно се лизгаат, не удирајќи во страната на орманот, аголни фиоки… Сето тоа се решенија што го прават домувањето попрактично и покомфорно, а елементите што го овозможуваат тоа најчесто се целосно скриени – станува збор за оков за мебел.

УРЕДУВАЊЕ

62 ЗЕЛЕНАТА КУЈНА Е ВО МОДА!

Од смарагдна до кели-нијанса, зелената станува сѐ попопуларна боја за кујна. Потемните нијанси ѝ даваат на секоја просторија специфичен печат на луксуз и елеганција, особено кога се комбинираат со мермер и со металик-боја, додека посветлите нијанси се одличен начин на една монотона просторија да ѝ се додаде весела нота.

СОВЕТИ

66 КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ ПОСТАВИ МАСАТА

Како што ни се ближат разни празници и прослави, така сѐ повеќе
размислуваме за празничната трпеза – што да се приготви за домашните и за гостите, но и како да се декорира масата.

УРЕДУВАЊЕ
68 ТЕПИСИ
Денес во понудата може да се најде голем избор на теписи што може да го задоволат сечиј вкус и да се вклопат во разни стилови на ентериер. При купувањето тепих треба да се води сметка за повеќе фактори – материјалот, димензијата, бојата…

72 ГРЕШКИ ШТО СЕ ОДРАЗ НА НЕДОСТИГ ОД СТИЛ
Следејќи ги трендовите, многумина често се губат во тоа, па ги прекршуваат основните правила на дизајнот. Еден од најбитните чекори при уредувањето на домот е изборот на боите. Тие многу влијаат на целокупната атмосфера, па и на расположението на домашните.

СОВЕТИ

76 УБАВИ СОНИШТА

Спалната соба е просторија во која секој треба да се чувствува пријатно и да ужива во нејзината атмосфера, бидејќи во спротивно нема ниту закрепнувачки сон, ниту релаксирачки одмор, ниту уживање во добра книга или шолја чај. Меѓутоа, освен релаксирачкото дејство, таа мора да биде функционална и практична.

ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ

82 НАМЕСТО ЗГЛАВЈЕ

Во спалната соба нема потреба за екстраваганција и претерана декорација – доволен е еден атрактивен детаљ. Ви претставуваме неколку идеи како да го направите токму тоа од ѕидот зад креветот

86 МЕСТО ЗА НАКИТ
Белезиците, ѓерданите, очилата за сонце и чантите – сето тоа треба и да се смести негде, но на практичен начин, за да можеме набрзина и лесно да го пронајдеме парчето што ќе го комплетира нашиот изглед.

УРЕДУВАЊЕ

88 КУЌИЧКА ВО СОБИЧЕ

Секоја детска соба треба да претставува оаза на задоволство, мечтаење и функционалност, особено за најмладите, чиј свет е игра и забава, далеку од реалноста и секојдневието

СОВЕТИ
92 БАЊА ШТО СЕ ОДРЖУВА ЛЕСНО

Без оглед на тоа колку сте посветени на одржувањето на хигиената во бањата, во оваа просторија е неминовно со текот на времето да настануваат трајни дамки. Еве неколку решенија што ќе ви заштедат доста време потребно за одржување на бањата, но и ќе го одложат моментот кога е неопходно да се заменат одделни елементи.

УРЕДУВАЊЕ
98 ТУШЕВИ & КАДИ
ОАЗА ЗА ОПУШТАЊЕ

Забрзаното темпо на живот остава многу малку време за опуштање. Затоа претворањето на бањата во лична оаза за релаксација, со када или туш како централен елемент, изгледа како одлична идеја.

СОВЕТИ

104 УБАВИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА ЗИМА

Одредени видови цвеќиња, од кои некои се сметаат за своевидни симболи на празничната сезона, имаат посебна вредност во декорацијата на домот во зимските месеци.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време