Во 25 квадрати собира сè што е потребно за живот: Со овие трикови и малиот стан ќе изгледа како простран апартман (ВИДЕО)

Уредување на ентериер

Со овие генијални трикови ќе имате двојно повеќе простор во станот

Кога станува збор за уредување мали простории, како што е гарсониера, треба да се вложи малку имагинација за да собере сè што е потребно за живот во ваков стан, а притоа да изгледа убаво и пространо.

Верувале или не, со овие трикови, дури и гарсониерата може да изгледа удобно.

Основно правило е ѕидовите да бидат бојосани во посветли бои, максимално да го искористите секој агол, како и да употребите мултифункционален мебел. Овие трикови сигурно ќе ве воодушеват.

Па да почнеме со ред…

Трикот број еден што ќе ви заштеди многу простор е „скриен“ кревет за спиење

Ако немате спална соба, а не сакате да ја жртвувате удобноста на спиењето, ова решение е идеално. Направете ротирачка полицка која во текот на денот ќе служи како декоративен дел од станот, а кога ќе падне мрак, ротирајте ги страните и од полицата направете удобен кревет.

Исто така, истата полица може да ви послужи и како трпезариска маса. Само спуштете една штица и за миг ќе добиете пространа маса за јадење.

Маса со подесувачки ногарки

Ова креативно решение ви овозможува да користите една маса и како дел од дневната соба, но кога ќе ви затреба, и како работна маса.

Полица со работна маса

На прв поглед, ова е обична полица со фиоки, но всушност, во неа се крие столица и работна маса.

Со овие трикови сигурно ќе заштедите многу простор, а станот ќе изгледа многу попространо. Дефинитивно вреди да ги испробате овие креативни решенија.

Во видеото погледнете уште одлични идеи за уредување мали простории…

https://www.youtube.com/watch?v=BLqg9mtYzek

Никој веќе не ги чува овие работи дома: 11 застарени детали што би требало да ги исфрлите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.