Внесете радост во вашиот дом: Боите се новиот тренд во дизајнот на ентериер – еве како да ги комбинирате! (ФОТО)

Весело!

Трендовите во ентериерот последниве години претежно беа минималистички и монохроматски, но дизајнерите на ентериер најавуваат дека боите се враќаат на големата врата!

Уредувањето на ентериерот последниве години претежно се потпираше на скандинавскиот минималистички стил и комбинација на бохо-стил – обата вклучуваа многу неутрални природни нијанси, како што се бела, беж, сива, светла боја на дрво, а боите се користеа и во деталите во најсветлата пастелна форма (светло жолта, бебешко сина, бебешко розова, бледо зелена).

https://www.instagram.com/p/CAzZbO-l1el/?utm_source=ig_embed

Работите не се променија многу – мебелот, барем оној покрупниот (кујната, собните гарнитури, брачните кревети) и понатаму останува со едноставни линии, умерен и ненападен, но во сите останати сегменти на уредувањето сега можете да вклучите и интензивни бои!

https://www.instagram.com/p/CAztvN4nHbM/?utm_source=ig_embed

Трендот најпрво почна од ѕидовите, кои почнаа да се бојосуваат во интензивни и длабоки нијанси на сина, зелена, бордо боја, или со тапети со мотиви на зеленило, а сега тој се прошири и на мебелот и на декорациите.

https://www.instagram.com/p/CAzbUvTHgBo/?utm_source=ig_embed

Доколку сте љубители на јаки бои, се препорачува да го освежите вашиот дом со парчиња мебел, во вид на фотелја или комода, во интензивни бои, старите навлаки за перници да ги замените со нови во поинтензивни бои, некои од ѕидовите или цела соба да бојосате во јака нијанса и со неа да вклопите и поситна декорација (вазни, свеќници, рамки за слики, украси, навлаки за перници).

https://www.instagram.com/p/CAzUWt_nMR9/?utm_source=ig_embed

Покрај боите во ентериерот, се советува да набавите и што повеќе собни растенија кои ќе му дадат чувство на чистота и свежина на просторот.

https://www.instagram.com/p/CAzWZcvFnqM/?utm_source=ig_embed

Покрај тоа што вашиот простор ќе оживее со внесувањето бои во него, амбиентот во бои ќе влијае позитивно врз вашето расположение и ќе му даде позитивна енергија на станот.

https://www.instagram.com/p/CAzUcjFHyVr/?utm_source=ig_embed

Единствениот совет е тоа дека не смеете да претерате со интензивните бои, бидејќи ќе добиете ефект на „циркус“, а просторот наместо да го развеселите и отворите, ќе го задушите и намалите.

Топ 9 трендови за уредување ентериер со малку пари: Ретрото и понатаму е најголем хит!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.