Ве инспирираме: Изберете ја својата кујна од соништата (ФОТО)

15 прекрасни кујни со различни стилови, бои и дизајн

Кујната се смета за „срцето на домот“, бидејќи во неа поминуваме доста голем дел од денот – приготвувајќи јадење за себе и за саканите.

Затоа голем број луѓе посакуваат оваа просторија во домот да биде уредена токму онака како што сме ја замислиле.

Иако и малите кујни знаат да бидат совршено функционални и идеално уредени, многумина од нас сонуваат за пространи кујни со голем простор за маневрирање и движење, во кои готвењето би било пропратено со уживање и во кои би можеле да се соберат повеќе луѓе.

Во таквите кујни има место и за шанк кој е одличен за приготвување на храната или пиење на првото утринско кафе. Можеби сè уште ја немаме својата кујна од соништата, но добро е да планираме и фантазираме како би ја уредиле.

За да ве инспирираме, ви претставуваме 15 фотографии од разни кујни, а вие самите изберете го својот фаворит.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.