Уредување: Фототапети за модерен ентериер

Прав избор на фототапет

Во модерно уредените простории сѐ почесто гледаме фототапети.

Освен што се поквалитетни и поразновидни во однос на поранешните, денес е можно која било фотографија да се преточи во овој вид тапет, кој целосно ќе ја освежи просторијата.

Во дуќаните постои голем избор на различни фототапети. Разлики постојат како во прикажаните мотиви, така и во квалитетот и материјалот од кој се изработени. Имено, тие може да бидат изработени на хартија или пластифицирани. Втората варијанта е нешто полесна за одржување бидејќи може да се мие, додека хартиените се чистат исклучиво со сува крпа.

Кога станува збор за мотивите, можете да изберете некој од постојниот каталог или да пронајдете студио, односно печатница што ќе изработи тапети според ваша фотографија, но таа мора да задоволува одредени критериуми по прашање на резолуцијата и големината, за да биде печатот што поквалитетен. При изборот секако водете сметка за тоа каде ќе го поставите тапетот, бидејќи мотивите за спална соба често не одговараат во дневна соба и обратно. Во секој случај фототапетите се моќно средство за декорација бидејќи овозможуваат оставање голем впечаток благодарение на предимензионираните фотографии, кои на ѕид навистина може да изгледаат моќно.

Пред лепењето на фототапетот потребно е да се санираат пукнатините и темелно да се исчисти ѕидот. Средството за лепење се приготвува со растворање во вода. Деловите од фототапетот е потребно најпрво да се наредат во една целина, а потоа да се пристапи на лепење еден по еден дел. При поставувањето мора да се следат линиите што се претходно исцртани на ѕидот за да се вклопат деловите правилно. Кај хартиените фототапети лепилото се нанесува на грбот, додека во случај на поставување пластифицирани тапети се премачкува ѕидот.

 

Прочитајте и
1 коментар
  1. Aleksandra вели

    Mojot izbor za magazin za zeni e
    Ubavina i Zdravje*..

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.