Уредување ентериер: Совршен спој на практичните и впечатливите детали

Деталите во домот

Уредувањето стан претставува вистинско задоволство, но и предизвик за младите сопружници, а тоа многу го добро го знаат Елена Алач и нејзиниот сопруг, кои заедно го осмислиле ентериерот на нивниот нов дом. Тие заеднички го нашле совршениот спој на практичните и впечатливите детали!

Кога со сопругот почнавме да го осмислувавме ентериерот на нашиот нов дом, покрај практичноста, која ни беше на прво место, се одлучивме за едноставни елементи во бела боја со дрвени површини и сиви и бели ѕидови, слично на скандинавскиот стил на уредување. Оваа комбинација на бои дава можност за „играње“ со другите детали што го претвораат просторот во дом.

Централното и највпечатливо место во нашиот дневен престој е големата полица, која на некој начин ги одделува дневната соба и трпезаријата, го разигрува просторот и можам постојано да ја преуредувам. Ми се допаѓаат детали во боја што освежува, како што е жолтата, а во последно време почнав да воведувам рустични и бохо-детали, кои даваат посебна топлина.

Инспирација најчесто наоѓам на Пинтерест, но и на голем број профили на Инстаграм посветени на уредувањето на домот. Постојано сакам да менувам нешто и да трагам по нови идеи за декорации, за кои понекогаш наоѓам време да ги изработам и сама.

Текст и фото: Home Style, приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.