Уредување: Балкон на мој начин (ФОТО)

Неправедно запоставен дел од домот, кој со малку труд и креативност може да стане омилено катче за уживање и дружење.

Концептот на овој проект е да се добие удобно катче за релаксација во домот, во кој кафето по напорниот ден ќе биде послатко, избегнувајќи го типичниот принцип на балконско уредување.

Без некакви преференции за стил, оставив текот на уредувањето и реализацијата да се одвиваат постепено, најпрвин исполнувајќи ги најбитните услови. Просторот, кој е во форма на коцка, дозволи во него да бидат имплементирани големи лаунџ-столови, кои беа фокусна точка за уредување на балконот и исполнување на условот за удобност.

Бохо-стилот се надоврза како инспирација и наложи да биде вметнато поголемо количество декоративни елементи и зеленило, кое влеаја топлина и чувство на џунгла во атмосферата.

Во палетата на неутрални тонови, се вметнати црни елементи, за да се добијат контраст и драматичност во просторот. Финалниот продукт резултира со приватна пријатна оаза за релаксација и бегство од реалноста.

Магдалена Димковска,
дипломирана инженерка архитектка

Текст: Home Style

Фото: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.