Уредете ја вашата спална соба според фенг шуи – за мир, спокој и љубов

Совети

На многу начини, спалната соба е најважната соба во куќата бидејќи тоа е местото каде што веројатно поминувате поголем дел од вашето време. Вашата спална соба е местото во кое се одморате и ги подмладувате вашето тело и ум, поради ова треба да ви биде лично светилиште.

Фенг шуи спалната е пријатна, удобна, интимна, спокојна, сензуална и длабоко релаксирачка. Фенг шуи за спална соба се фокусира на спокојството кое може да се постигне со суптилно осветлување, мирни бои и удобен мебел. Употребете топли, богати бои – како кафеава, крем, лаванда, беж и земјени тонови за да создадете средина која ќе ве негува. Употребете сензуални, спокојни или пак романтични фотографии кои ве смируваат и ве инспирираат. Секој објект треба да оддава позитивна енергија.

Ладните бои како сина, зелена или премногу голем простор со бела ќе ја намалат интимноста и сензуалноста. Како алтернатива, инспирирајте нежност и страст со луксузни ткаенини, земјено црвени тонови и суптилни свеќи. Фокусот во собата треба да ви биде на креветот – наместете го така да ви биде пристапен и од двете страни. Не прикачувајте само една фотографија, или само еден украс доколку сте во или сакате романтична врска – наместо тоа, промовирајте еднаквост и партнерство со тоа што ќе комбинирате по два предмети еден до друг и ставете наткасни на двете страни од креветот и на секоја по една ноќна ламба.

Позицијата на вашиот кревет во иста линија на вашето биро е една од најзначајните фенг шуи прилагодувања кои можете да ги направите. Со едноставно прилагодување на вашето биро и вашиот кревет во моќна позиција правите една од најосновните и најтрансформациски промени за личен успех и среќа.

Креветот мора да ви биде поставен така што од него ќе можете да ја гледате вратата од собата. Идеално, креветот треба да биде колку што е можно подалеку од вратата за да можете да ја гледате целата соба – во фенг шуи ова се нарекува команда – или позиција на власт.

Доколку не можете да го поставите креветот од кадешто ќе ја гледате целата соба директно, тогаш закачете огледало преку чиј одраз ќе можете да ја видите вратата од креветот. Избегнувајте да го наместите вашиот кревет во директна линија со вратата – енергијата која поминува низ вратата ќе ви го нарушува сонот и може да предизвика здраствени проблеми.

Доколку немате друг избор, ставете клупа или друго парче мебел за да има одвоеност помеѓу креветот и вратата.

Бидете сигурни дека фотографиите кои ќе можете да ги видите од кревет се релаксирачки, мирни, пријатни и хармонични. Создадете мирен поглед со уметност, свила, растенија и смирувачки бои.

Фенг шуи спална соба ќе предизвика да се чувствувате безбедно. Таму не треба да има никакви остри предмети во кои би можеле да се удрите или тешки предмети да ви висат над глава – и никако вознемирувачки фотографии. Целиот мебел треба да биде мек, безбеден и удобен.

Можете да создадете чувство на сигурност така што прво ќе го наместите креветот така што ќе може да ја гледате вратата од него и да биде колку што е можно поодалечен од неа нели.

Потоа, избегнувајте се што може да ви го покажува вашиот одраз (огледала, ТВ) додека лежите во кревет – ништо не е по алармантно од тоа да гледате движење од аголот на окото додека се обидувате да спиете.

Покрај тоа што е соба за одмор, подмладување, нежност и страст, спалната соба често ја одразува вашата внатрешност и потсвеста.

Барајте работи во вашата спална соба кои кажуваат нешто за вас. Ако имате темна, тмурна спална тоа би можело да значи дека сте плашлива личност и срамежлива. За храбро да се отворите кон нови односи, врски и пријателства обидете се да ги отворите завесите и да пропуштите природна светлина внатре, офарбајте ја во бои кои ви го креваат расположението и закачете инспиративни фотографии. Доколку имате преполни плакари и бироа тоа е одлика и на преполн ум. Да добиете повеќе јасност, исчестете ја натрупаноста и отстранете се што не го употребувате или не го сакате.

Кога ја расчистувате натрупаноста и ги фрлате непотребните работи, на овој начин отворате простор за нови позитивни искуства, односи, ситуации и материјални работи кои треба да дојдат во вашиот живот. Исто така се здобивате со поголема јасност и чувство на цел.

Не се плашете се да отидете на следното ниво и да ја направите вашата спална соба точна рефлексија на вашите желби. Кога ја уредувате по фенг шуи вашата спална, следете ја вашата интуиција за да создадете јасна, спокојна и љубовна слика од вас самите. Одберете слики и предмети кои инспирираат соодветни чувства во вас. Како да знаете дали нешто е правата работа за вас? Доколку ви дава чувство на енергија и ве инспирира, тогаш тоа ви одговара. Забавувајте се со ова и експериментирајте!

Идеални спални можете да најдете во „Софа Студио“ кои што се изработени од високо квалитетни материјали и се екстра удобни. Освен спални соби, „Софа Студио“ нудат и широк избор на софи, фотелји, канцелариски мебел и слично. Повеќе детали и информации за се што нудат можете да најдете на www.sofastudio.com.mk. 

Фото: Фејсбук, Софа Студио

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.