Цвет со необична убавина: Носи богатство, впива негативна енергија и го штити домот од лоши духови!

Нереално убав и егзотичен

Антуриумот е познат и како фламинго-цвет, бидејќи потсетува на оваа птица со својот изглед, а го викаат и пламенец, поради огнената боја на цветот

Оваа многу декоративна и типична тропска билка потекнува од топлите краеви на Средна Америка.

Антуриумот е еден од најпопуларните тропски цветови и може долго да издржи во вазна – околу шест недели, па дури и повеќе, во зависност од годишното време и сортата.

Домородците од Хаваи сметале дека антуриумот е магична билка која штити од лоши духови, додека според древната кинеска филозофија се смета за значајно фенг шуи цвеќе. Имено, ова учење истакнува дека антуриумот ги отстранува негативните мисли и ги насочува во вистински правец.

Со други зборови, позитивно влијае врз психата и го враќа доброто расположение. Поради способноста да впива негативна енергија, антуриумот развива љубов и ги штити добрите односи во семејството, а особено се препорачува за паровите чиј брак западнал во монотонија, бидејќи може да им помогне да ги освежат чувствата и да ја направат врската повторно возбудлива.

https://www.instagram.com/p/CD1do6ZF4w9/?utm_source=ig_embed

Антуриумот привлекува богатство, но под еден услов. За да дејствува, во домот мора да живеат добри, чесни и пристојни луѓе, во спротивно, не само што нема да донесе пари, туку и самата билка ќе се исуши и ќе пропадне.

Привлечните цветови со срцевидна форма во интензивна црвена боја внесуваат доза егзотика во секој простор, па не е ни чудно што оваа зимзелена билка се смета за прекрасен декоративен детаљ. Антуриумот е билка што постојано цути, па може да цути со месеци.

https://www.instagram.com/p/CEr7VvtpgPe/?utm_source=ig_embed

Цветовите се состојат од меснати цевчести ливчиња со спирална форма во бела, зелена, жолта или розова боја и од големи меснати брактеи. Брактеите се обоени листови кои можат да бидат огненоцрвено, розови, портокалови, зелени или бели, со тркалезен или срцевиден облик.

Понекогаш многу се тешки, па нивните стебленца мора да се потпрат за да изгледаат поубаво. Можат да достигнат вистина и до 75 см со темнозелени тврди, кожести и сјајни листови, кои се големи околу 30 см.

https://www.instagram.com/p/B9JmrgBA-5d/?utm_source=ig_embed

На оваа билка ѝ треба многу сончева светлина, но не директна. Исто така, бара и многу влага, односно редовно полевање – секој трет ден во текот на летото, а зимно време доволно е еднаш неделно. Многу е важно и периодичното оросување на листовите со зовриена или отстоена вода. Притоа, внимавајте да не ги намокрите цветовите.

Антуриумот е отровен!

Иако антуриумот го красат прекрасни цветови кои можат да го разубавуваат просторот со месеци, оваа билка е отровна. Доколку случајно се внесе во организмот, може да доведе до изгореници во дигестивниот систем, болни отоци на слузницата, па и до гушење.

Повеќето симптоми на труење исчезнуваат по извесно време, но сепак, препорачливо е да ја чувате надвор од дофат на деца и домашни миленици.

https://www.instagram.com/p/BtszkvkFiPC/?utm_source=ig_embed

Најнеобичната и најубавата билка која секому му успева: Еве како да одгледувате сребрен дожд!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.