Топ 9 трендови за уредување ентериер со малку пари: Ретрото и понатаму е најголем хит!

Најпопуларни на Инстаграм

Освежете го просторот со минимален влог

Сте планирале преуредување на станот, но немате инспирација? Ова се најпопуларните трендови за уредување ентериери, кои моментално кружат на Инстаграм, а кои можат да ви помогнат во организирањето на вашиот простор.

Висечки полици

https://www.instagram.com/p/CAbmiwvnSI0/?utm_source=ig_embed

Еднобојни и минимални, висечките полици се одличен начин да направите место во ограничен простор. Полицата е речиси совршена сама по себе, па нема потреба да ја натрупувате со дополнителни детали. Од друга страна, саксијата со цвеќе секогаш е полн погодок.

Барска количка

https://www.instagram.com/p/CAa8BgbADSw/?utm_source=ig_embed

Старинската количка во винтиџ-стил зрачат со сјај и гламур во духот на Големиот Гетсби. Наместо да ги натрупувате со празни шишиња вино, можете да ги искористите како елемент со кој ќе го надополните вашиот ентериер. За целосен ефект, на неа можете да ставите фотографии, цвеќиња, свеќи, како и табла со мотивациска порака.

Макрам“ техника на ѕидот

https://www.instagram.com/p/CAX0iHHHU5R/?utm_source=ig_embed

Макрам“ техниката на ѕидот остава впечаток на рустичност и уникатност. Ова оригинално и по малку бохо парче, со текстуална привлечност, дефинитивно се издвојува од преостанатите уметнички дела, книги и огледала. Уште подобро е тоа што можете сами да научите да ја користите „макрам“ техниката и потоа самите да правите украси за вашиот дом.

Самостоечки кади

https://www.instagram.com/p/CAYUvkYByqO/?utm_source=ig_embed

Ништо не опушта толку како бања во самостоечка када. Трикот лежи во тоа да комбинирате луксузен хотелски стил со додатоци што ќе се вклопат. Заборавете на влажните пешкири и на орманот преполн со стари шишиња шампони. Самостоечката када е главниот момент во тоалетот, на кој ќе мора да се прилагодат сите преостанати детали на дизајнот. Во овој тоалет особено привлечен е тушот со златен тон, заедно со асиметричните плочки што го надополнуваат ентериерот.

Марокански тепих

https://www.instagram.com/p/B-pFkEOpLpw/?utm_source=ig_embed

Пријатен и автентичен, мароканскиот тепих е избор со кој едноставно не можете да погрешите. Палетата на неутрални бои остава пријатен впечаток во собата, акцентирана со кактуси, дрво и плетива.

Керамички плочки

https://www.instagram.com/p/CAcCZN6i34Z/?utm_source=ig_embed

Трендот со керамички плочки зема замав. Навистина, овие плочки мамат погледи, а граница за комбинирање на боите – нема. На Инстаграм или Пинтерест можете да најдете инспирација за примероци. Или имајте на ум дека исто така можете да креирате свој прилагоден дизајн.

Рециклиран дрвен мебел

https://www.instagram.com/p/B9PnmQGFLwE/?utm_source=ig_embed

Трендот на употреба рециклиран материјал не покажува знаци на изумирање, а мебелот од рустично дрво е идеален избор. Оваа рачно изработена маса покажува колку едноставен, но спектакуларен ефект може да има. Помалку е повеќе, особено ако станува збор за додатоци.

Пампас трева

https://www.instagram.com/p/CAcVrjHABYV/?utm_source=ig_embed

Пампас тревата трае до три години, така што треба да помине многу време за да се исуши, па одбегнете да купувате вештачка. Шик и впечатлива, добро се вклопува во вазна со модерна форма и ѝ дава пријатен, смирувачки тон на вашата спална или дневна соба.

Декоративен ѕид

https://www.instagram.com/p/CAZWp_5n4ui/?utm_source=ig_embed

Декоративниот ѕид во основа е многу интересен простор на кој можете да поставите фотографии и рамки, без особен ред, а притоа да изгледаат како таму да им е местото. Ослободете ја имагинацијата, бидејќи комбинацијата на текстури и бои е неограничена.

Штосни предлози како да креирате ѕид со слики во дневната соба
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.