Светскиот бренд „Натуци“ сега со нов изложбен салон во нашата престолнина

Удобни седечки гарнитури од најновите модни трендови и дизајни од линијата на „Натуци едишн“, светскиот бренд бр. 1, отсега се достапни во поголем изложбен простор во „Ѓорче Петров“ 

На површина од 1.300 м2, на излезот од Ѓорче Петров, се отвори новиот салон за мебел на Кристина Дамил во кој ќе бидат изложени производи од врвни брендови. Во објектот кој ги доби највисоките оценки од брендовите, во моментов има производи од Натуци Едишн, како број 1 бренд, Калигарис и Его Италија, но и во останатиот дел од објектот, кој е со вкупна површина од 2.600 м2 ќе бидат изложени внимателно одбрани производители кои нема да бидат конкуренција на сегашните.

Натуци е познат бренд по кожни гарнитури и во моментов е број 1 бренд во светот, а овој салон во Скопје во кој е изложена програмата Натуци Едишн е најголем во Европа. Повеќето гарнитури од овој бренд се со релакс механизми кои нудат удобно седење и убав дизајн, а цената се вклопува со квалитетот кој го нуди Натуци.

Брендот Натуци Едишн веќе две години може да се најде во салонот на Кристина Дамил, а благодарение на успешните резултати отсега и на многу поголем простор и со повеќе изложени производи.

Приказната за Натуци Груп почнува во 1959 година кога Пасквале Натуци, денешен претседател и водечки дизајнер, отвора мала работилница во која се изработувале фотељи и гарнитури за локалниот пазар. 45 години подоцна, Натуци Груп е светски лидер во производство на кожни и штофени гарнитури и најголем производител на мебел во Италија. Од 1993 година па до денес, Натуци ги дистрибуира своите производи во 163 земји и во над 1.000 салони.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време