Совети за модерно, функционално и практично уредување на спалната соба

За убави сништа

Спалната соба во секој дом зазема посебно место. Имено, таа е просторија во која секој треба да се чувствува пријатно и да ужива во нејзината атмосфера, бидејќи во спротивно нема ниту закрепнувачки сон, ниту релаксирачки одмор, ниту уживање во добра книга или шолја чај. Меѓутоа, освен релаксирачкото дејство, таа мора да биде функционална и практична.

Дури и кога сте задоволни со перницата, ако е стара, веројатно содржи многу нечистотија, прашина, клетки од изумрена кожа и сл., па се препорачува редовно да ја менувате. Имено, ако е постара од две години, секако е време за купување нова. Еден од факторите што би требало да ги земете во обѕир при изборот на перницата е вашата омилена положба на спиење. Доколку сакате да спиете на грб, добар избор се потенки перници за вратот да не се превиткува премногу кон напред. Исто така, внимавајте на обликот на долниот дел на перницата, кој доаѓа токму под вашиот врат. Доколку повеќе сакате да спиете настрана, изберете поцврста перница за да не ви потоне главата и да не се доведе вратот во неприродна положба. За оние што главно спијат на стомак, се препорачува што потенок модел, или дури и да стават перница под стомакот за да избегнат болки во долниот дел на грбот.

Друг битен фактор при изборот на перницата е материјалот, а се нудат мемориска и полиуретанска пена, полиестерска вата, латекс, волна, памук и пердуви. Мемориската и полиуретанската пена последниве години се многу популарни поради добрата потпора на вратот при спиењето. Тешко е да се каже што ќе ви одговара вам најмногу – можеби претпочитате поцврсти или помеки потпирачи за главата, но тука има уште еден фактор. Можеби вам поради моменталните болки во вратот повеќе ви одговара еден тип, а веќе за неколку дена повеќе ќе ви одговара друг. Затоа не е лоша идеја да имате повеќе перници, но и една внимателно избрана ќе биде сосема добра опција.

СОЗДАЈТЕ БАЛАНС СО ПРАВИЛЕН РАСПОРЕД

Ако дозволува просторијата, сместете го креветот така што зглавјето ќе се наоѓа на ѕид. Пожелно е и креветот да не гледа кон прозорец или врата, туку тие да се наоѓаат на бочните страни. Истакнато големо зглавје ќе ја направи просторијата поскладна и поосмислена, бидејќи функционира како централна точка во просторијата.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.