Со помош на овој трик на искусните градинари, вашите петунии ќе растат и цутат како луди: Еве која е тајната

Доколку сакате вашите петунии да расцутат, прочитајте ги советите за наводнување, прихрана и кастрење што ги користат искусните градинари

Петуниите се прекрасен украс на секоја градина, но и тераса – убаво мирисаат и имаат прекрасни цветови во најразлични бои. На овој цвет не му треба комплицирана нега, но ако сакате да ви цути што побујно и неговата грмушка да има убава форма, би требало да ги послушате советите на искусните градинари.

На петуниите им е неопходно да бидат на сонце, односно им требаат најмалку шест часа сончева светлина во текот на денот. Се наводнуваат два до три пати неделно, но во најтоплиот период од годината треба да се наводнуваат практично секој ден. Се препорачува наводнување со застоена вода во утринските часови.

Покрај правилното наводнување и изложување на светлина, најважно е редовно да ги прихранувате петуниите, барем ако сакате силна и здрава билка која бујно цути. Најдобро е да користите органско ѓубриво на база на пепел од дрво. Тука првенствено се мисли на додавање на пепелта која останува по ложење дрва што се користеле за огрев. Може да се користи самостојно или во комбинација со компост или хумус. Исто така, советува земјата во којашто се садат петуниите да се збогати со зеолит и цимет.

Покрај тоа, важно е редовно да ги поткаструвате петуниите, почнувајќи од пролетта и во текот на цело лето. Откако на стебленцето ќе се појават четири цвета со ливчиња, треба да се откине централната цветна фиданка, за да се поттикне ширењето на грмушката.

Оваа постапка се повторува секој пат кога фиданките ќе достигнат должина од 12 сантиметри, а тогаш треба да се скратат околу 3 сантиметри. Се препорачува да се прави тоа рачно, за грмушката петунии да добие сферен облик, додека со употреба на ножици се добива поинаков тип на разгранување.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе