Со малку труд и со минимален буџет: Од запуштена и срушена тераса направила вистинска оаза за уживање! (ВИДЕО)

Ве инспирираме

Сѐ е возможно со малку труд

За да имате во својот дом дел за вистинско уживање и релаксација, не ви требаат многу пари, а ни труд. Натали е доказ дека со малку имагинација и волја од потполно празна и напуштена тераса може да се направи вистинско чудо.

Сѐ што ќе ви треба е тепих, две табуретки и перници, неколку саксии со цвеќе и сијалици. За еден час, со овие ситни промени ќе добиете пополно поинаква тераса.

Вака изгледало сѐ пред средувањето:

Само еден тепих и неколку билки веќе направиле голема разлика во изгледот на терасата.

Кога додала и сијалици, сето тоа добило многу поубава нота. Сијалиците се многу едноставна декорација што ќе внесе романтична атмосфера и ќе создаде простор во кој ќе сакате да поминувате доста време.

Потребни се само неколку промени за целиот простор да добие некоја нова енергија и многу попривлечен изглед. Ако не сте задоволни со изгледот на вашиот балкон, погледнете го ова видео и сигурно ќе ја најдете потребната инспирација.

Понекогаш, малите промени можат да направат драстична промена.

Старата тераса ја претворил во место од соништата: За 10 дена создал вистински рај на покривот од зградата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.