„Со чаршаф наместо завеси!“ Марис Џолин тргна во потрага по совршениот дом – а еден детаљ ги воодушеви нејзините следбеници

Македонската инфлуенсерка, архитектка и креаторка на содржини Марис Џолин (Марија Илиев), која на Инстаграм ја следат повеќе од 64.000 луѓе, повторно ги вклучи своите следбеници во една сосема поинаква животна авантура. Позната по својот скандинавски стил, вниманието кон деталите и љубовта кон ентериерниот дизајн, таа овојпат ги поведе на вистинска одисеја во потрага по совршените завеси.

Наместо модни комбинации и патувања, овојпат во центарот на вниманието беше уредувањето на новиот дом.

Полека почнувам со уредување на станот и почнувам од завесите! Не можам повеќе да спијам затоа што секое утро сонцето директно ми блеска во очите, па моментално имам ставено чаршаф за да направам темница“, напиша Марис во серијата Инстаграм-стори објави, откривајќи ја причината поради која решила што побрзо да ги избере идеалните завеси.

„Не сакав да нарачам онлајн – морав да ги видам во живо“

Со автомобил се упатила кон Тетово, каде што, како што открива, направила детално истражување и пронашла салон со огромен избор на материјали.

Пред своите следбеници не криеше дека токму завесите се еден од најважните елементи во секој дом.

Отсекогаш сум му велела на Пане дека секој простор изгледа многу поубаво со завеси. Тоа е една од ретките работи за кои би се расправала до крај“, напиша таа.

Марис смета дека многумина ја потценуваат нивната улога.

Луѓето често велат: ‘Еј, завеси… не се толку важни.’ А всушност, кога се правилно одбрани и поставени, целосно го менуваат изгледот на просторот.“

Нијансата мора да биде совршена

Од фотографиите се гледа дека инфлуенсерката внимателно разгледувала десетици примероци од ткаенини – од топли крем нијанси до посветли и потемни земјени тонови.

Сакав и драперија бидејќи има преубави нијанси, но немаше доволно простор, па ќе мора електрични ролетни“, објасни таа.

Но, тоа не бил единствениот критериум.

Марис откри дека бара:

  • точна крем нијанса – без да бидат целосно бели,
  • рамномерно набрани завеси по целата должина,
  • правилна должина до подот,
  • лесно поставување,
  • и материјал што нема да бара постојано пеглање.

Многу сум пребирлива и сакав сè да го видам во живо, наместо да нарачам онлајн“, признава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Iliev (@marysejolene)

Детаљ што го менува целиот дом

За да ја долови разликата, Марис објави и споредбени фотографии од ист простор – пред и по поставувањето на завеси.

Пораката е јасна: иако често се сметаат за последен чекор при уредувањето, токму завесите можат целосно да ја променат атмосферата, да внесат топлина, елеганција и чувство на завршен ентериер.

Судејќи според реакциите на нејзините следбеници, многумина се препознаа во нејзината потрага по „совршената нијанса“ и вниманието што го посветува на секој детал.

А ако може да се суди според оваа мала домашна авантура, Марис Џолин не го уредува својот нов дом набрзина – туку со истата прецизност со која, како магистер по архитектура, го гради и својот препознатлив естетски стил.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе