Производи што во моментот се технички и технолошки супериорни – AIRCON и Toshiba

Сè што е во срцето на AIRCON и Toshiba е да ги надминат Вашите високи очекувања!

Toshiba е еден од првите производители кој нуди на пазарот целосен Multisplit опсег на производи со ладилен флуид R32.

Наша цел е да ви овозможиме најголема удобност и целосна безгрижност, постојано, нудејќи ви производи кои во моментот се технички и технолошки супериорни“. 

Multisplit системите на Toshiba се еколошки прифатливо решение, кое овозможува едноставно и ефективно ладење и греење во повеќе простории, во текот на целата година. Системот има само една надворешна единица која е лесно да се вклопи во екстериерот. Истата работи исклучително тивко и придонесува кон потивка животна околина.

Со ненадминлива енергетска ефикасност и низок GWP  уредите, на Toshiba се најдоброто решение, кога вашиот приоритет е грижата за околината без да се намали вашата удобност. Во продолжение ќе ви ги претставиме можните решенија за вашиот дом. Ексклузивно за читателите на Home&Style обезбедивме попуст за сите Multi системи. Посетете го нашиот website и закажете консултација со нашите инженери кои ќе го одберат оптималното решение за Вас.

Новите внатрешни единици на Toshiba се совршен спој на естетика и технологија. Со нивниот дискретен изглед, флуидните линии, едноставните заоблувања и заднински осветлениот инфо панел, се вистинко модерно парче мебел. Нивниот хармоничен дизајн и компактната големина овозможуваат идеално да се вклопат во секој домашен декор. Доколку треба да користиме еден збор за нашите системи тоа е: ненадминливи.

DAISEIKAI 9

Изберете врвна удобност со DAISEIKAI 9 и бидете спокојни во секое време.

  • Модерен и елегантен изглед со сјаен финиш кој го надополнува секој ентериер.
  • Екстремно тивка внатрешна единица (до 20dB (A)) во комбинација со најтивка во класата надворешна единица
  • Toshiba нуди уникатна функција за намалување на бучавоста на надворешната единица за -4dB (A) за тивко соседство.
  • Гарантиран премиум внатрешен квалитет на воздух со помош на Плазма Јонски филтерски систем во комбинација со функција самочистење.
  • 3D паметно струење на воздухот со независни ламели кои имаат 6 различни позиции за ненадмилива удобност.

SHORAI

Подобрете го квалитетот на вашето живеење со стилска и енергетски ефикасна внатрешна единица.

  • Голем избор на внатрешни единици идеални за секоја големина на соба. Има седум можни големини со димензии од (275×790 mm) до големи (320×1050 mm).
  • Модерен и заоблен изглед и премиум сјаен финиш кој го надополнува секој ентериер.
  • Екстремно тивка внатрешна единица (бучавост до 20dB (A)).
  • Голем број на опции за оптимална удобност, вклучувајќи и паметно струење на воздухот (3D на поголемите модели).
  • Гарантиран премиум квалитет на внатрешниот воздух со Toshiba IAQ филтер технологијата за свежа и здрава околина.

SEIYA

Уживајте во стилот. Ефикасноста и удобноста, и сето тоа во финансиски достапен дизајн.

  • Вистинско декоративно парче – технологија со флуидни линии и сјаен финиш.
  • Трајно високи перформанси и висок квалитет на воздух со помош на функцијата за самочистење.

КОНЗОЛНА ЕДИНИЦА

Уникатно, флексибилно и удобно решение за греење и ладење на простории со различни големини.

  • Toshiba нуди напредни филтри за здрав воздух.
  • Bi-flow систем со модалитет подно греење за ваша удобност
  • Напредна функција на самочистење.

КАНАЛСКА ЕДИНИЦА

Најфлексибилно решение, за „невидлива” инсталација без компромиси врз вашата удобност.

  • Голем избор на големини вклучувајќи ги и новите големи капацитети 22 и 24.
  • Тенок и компактен дизајн, со висина од 210 mm. Идеално за секаков распоред на вашата куќа или стан.
  • Каналските единици се практично безшумни.
  • 4 степено надворешено нагодување на статичкиот притисок (до 45Pa) и долги канали кои се адаптираат на било каква инсталациона конфигурација.

НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ за лесна комерцијална употреба.#smallbusinessready

КОМПАКТНА КАСЕТА Перфектното решение за бизнис-примена со напредна контрола на воздухот и дискретен дизајн.

  • Компактен панел кој совршено се вклопува во 620×620 mm плафонска шема. T-пречка и висина од само 650 mm овозможуваат загарантирано лесна инсталација.
  • Панелот е само 10 mm длабок, има елегантен дизајн кој се вклопува во околината.
  • Ламели кои се затвораат целосно кога IDU е исклучен за максимална дискреција.
  • Секоја ламела може да се прилагоди поединечно, со што се оптимизира струењето во 4 насоки.
  • Интегриран инфрацрвен ресивер и сензор за движење (како опција) за лесно управување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.