Ѕидот под скалите може да стане вистинско уметничко дело со малку креативност и имагинација
Понекогаш во куќите има незгодни агли и ѕидови со кои можеби не знаете што да правите. Скалите – и просторите покрај и под нив – честопати се главните виновници.
Но наместо да ги гледате овие катчиња како незгодни или безнадежни, замислете ги како празни платна, идеални за билки, рамки, полици кои изгледаат како вградени елементи, куки, ламби и многу друго.
Место со бескрајни можности
Во куќата на една корисничка на Пинтерест, ѕидот под скалите и просторот пред нив бил празен и тажен. Но таа размислувала позитивно и сфатила дека тоа е, всушност, место со бескрајни можности.
„Сакав да го искористам празниот простор, кој не добиваше многу љубов и да го направам функционален, а убав“, раскажала таа.
Викенд-проект
За еден викенд, таа и нејзиниот сопруг му додале малку текстура и боја на просторот. Нејзиниот сопруг прицврстил вертикална штица, која исто така се вклопува со ѕидот на другата страна од скалите, а таа ја бојосала во едноставна бела нијанса.
За да се направи поголем контраст помеѓу ѕидовите и украсните елементи, ѕидовите се мат, а вертикалните столбови имаат сатенска завршница.
Рекла дека проектот бил супер лесен и едноставен. За да се добие контраст со белата заднина, додала детали во бои и текстури и уметнички дела.
Асиметричниот галериски ѕид создал 3Д изглед
„Обожавам вертикални игри со линии и мешани уметнички дела. Исто така, сакав да си играм со асиметријата на ѕидот со уметнички дела и со распоредот на мебелот“, рекла таа.
Закачувањето уметнички дела на вертикалните столбови на штицата ѝ дал кул тридимензионален изглед на галеријата.
Личните уметнички дела сега можат да бидат гордо изложени
Шарените слики закачени околу фотографиите ги насликал нејзиниот прадедо.
„Беше сликар, а баба ми ги чуваше за мене низ годините додека да добијам свој простор за да ги изложам“, открила таа.
Сега е горда што создала совршено место за нивното изложување, кое е во прв план во нејзиниот дом.
Во продолжение уште неколку идеи како можете да ги разубавите ходникот и скалите…
Саксии со билки
Градина на скалите
Полици со рамки со слики и собни билки
Игра со светлината и елементи од природата
ФОТО: Пинтерест, Фејсбук