Практични совети- Како да уредите мал ходник ?

Ходникот го дава првиот впечаток за нашиот дом. Иако неговото уредување не е меѓу приоритетните простории во домот, сепак тоа не значи дека треба да го игнорираме и да го оставиме на случајност.

Особен предизвик е уредувањето на ходниците со помала квадратура, кога во еден мал простор треба да сместите неколку базични елементи, а притоа целината да има и визуелна смисла.

Треба да се остави простор за закачалки, плакарче за чевли, место за чадорите и клучевите…

Но, може да се постигне компактна целина ако соодветно се искористат некои од практичните совети што следуваат во продолжние…

Огледало е секогаш добра идеја. Визуелно го зголемува просторот, а си има и своја практична функција. Покрај тоа постои толку голем избор на модели и форми, што огледалото ќе заврши и одлична естетска функција.

Мала поличка прикачена на ѕидот, која нема да одзема многу место, а ќе ви значи многу во моменти кога скате уредно да ги складирате ситниците што ви се потребни пред излегување.

Тапети во разигран принт, ќе му дадат интересен и впечатлив лик на ходникот и од визуелен аспект ќе ја зголемат атрактивноста на ентериерот.

Малите и ситни додатоци, како декоративните украси или рамки со слики може дополнително да му дадат карактерна нота на овој простор во домот.

Плетените кошници се идеален декоративен елемент за во ходникот, притоа се навистина практични, а и лесно може да ги преместите. Можен да ви послужат за складирање на различни предмети, а дополнително му даваат топлина на просторот.

Растенијата во саксија ќе му дадат дополнителна живост на малиот ходник. Затоа, одберете ги вашите омилени и сместете ги во впечатливи саксии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.