Планирање и уредување на детската соба

Уредувањето на детската соба претставува проектно предизвикувачка задача на чиј почеток мора добро да се информирате за многу работи, за да избегнете грешки што може скапо да ве чинат, но и на крајот да добиете убав и функционален простор

Едно од непишаните правила при опремувањето детска соба е по секоја идеја што ќе ви падне на памет и тој момент ќе ви изгледа идеална, да се запрашате дали е таа навистина нужна. Доколку размислувате така, ќе се поштедите себеси од подоцнежни исправки, тргнување од почеток, умор и пари.

Повеќето од нас уживаат гледајќи во списанијата неверојатно добро уредени детски соби, кои изгледаат како да се дел од некој друг, за нас непознат свет, полн со шаренило, различни облици и материјали, меѓутоа бидете реални и прифатете го следново – ако собата на вашето дете нема голема квадратура и ако не ангажирате дизајнер на ентериери што ќе учествува во нејзиното уредување, лесно може да се случи просторот на крајот да личи на едно расфрлено шаренило.

Затоа секогаш е подобра опција детското катче да го одбраниме од бурата нападни бои, украси и непотребни детали.

Минималната квадратура за соба за едно дете изнесува седум квадрати и многу е важно во тој простор креветот да биде позициониран правилно, т.е. да не е на провев, како ни премногу блиску до радијатор, но и собата да е квалитетно осветлена.

Важно е да се дефинира за кого се уредува собата. Ако е за новородено бебе, тогаш во просторијата треба да има креветче/ колепка, маса за преповивање со фиоки, орман, фотелја или софа.

Ако, пак, станува збор за дете од предучилишна возраст, тогаш во оваа соба треба да има кревет, орман за чување облека, зона за играње (дел од собата прекриен со тепих), шатор или куќичка во чии рамки може да се остават кутиите со играчки, масичка со мали столчиња за цртање или за детски друштвени игри.

За ученик најважни се поголем кревет, орман со библиотека и со фиоки и работна маса како основа, покрај тоа и еден дел што би се оформил како простор за дружење. Без обѕир на возраста на детето, најдобро е во оваа просторија да доминираат светли, пријатни и ненаметливи бои, како и природни материјали.

Ако сте во дилема дали да купите готов мебел за детската соба или да го правите по мера, дизајнерите на ентериери велат дека е најдобро да се пронајде некоја златна средина. Имено, убавите готови детски соби главно се многу скапи и бараат поголема квадратура.

Кај нас најчесто ќе најдете едноставни модели со задоволителен квалитет, па ако ви е доволно тоа, нема потреба да барате мајстори и материјал. Меѓутоа, ако сакате нешто понеобично, мебел со кој на паметен начин ќе го искористите потенцијалот на просторијата и така ќе успеете да организирате катче за учење и одмор, тогаш мора да се распрашате за добар мајстор што прави мебел по мера.

Секако, не морате баш сѐ да правите – некои парчиња готов мебел ќе бидат сосема соодветни за комбинирање.

Текст: Home Style

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.