Овие се најдобрите места во домот за чување на растенија

Носат позитивна енергија

Опкружете се со зеленило затоа што поттикнува раст и просперитет во животот на сите членови на домаќинството. Кога сите овие билки фрлаат нови мали лисја, ефектот на благосостојба се зголемува. Ставете африкански темјанушки во спалната соба.

Ако сакате да живеете во среќен дом, проверете дали растенијата во саксии не се суви и избегнувајте да ја украсувате куќата со суво цвеќе. Ако билките во саксијата исчезнале и се исушиле – фрлете ги. Мртвите работи внесуваат мртва енергија во домот, а вие не го сакате тоа.

Исто така, некои растенија привлекуваат лоша енергија, тоа се оние што имаат остри делови или трње. Секогаш бирајте растенија кои не се шилести, но кружни и пријатни на допир.

На пример, заоблените растенија симболизираат раст и напредок во животот и охрабруваат создавање на позитивна атмосфера во домот. Од друга страна, палмата има зашилени лисја, но сепак симболизира долговечност – пожелно е да се чува во северниот или источниот дел на куќата.

Обавезно набавете орхидеја бидејќи придонесува за исфрлање на сè што е штетно од домот и создавање на совршенство и чистота. Одличен избор е ако се обидувате да станете родител бидејќи симболизира оплодување.

Вештачкото цвеќе не е најдобриот избор иако прави помала штета од сушеното. Ако сакате вештачко цвеќе, внимавајте да не собирате прашина на неги бидејќи тоа предизвикува хаос и лоша енергија.

Дневна соба

Оваа просторија ја користат многу луѓе за дружење, поврзување и подмладување, затоа пополнете ја со растенија. Ставете ги на полици, на маса, покрај прозорецот, закачете неколку од таванот.

Опкружете се со зеленило затоа што поттикнува раст и просперитет во животот на сите членови на домаќинството. Кога сите овие билки фрлаат нови мали лисја, ефектот на благосостојба се зголемува.

Трпезарија и кујна

Сукулентите во голема саксија на масата во трпезаријата се одличен избор за оваа просторија. Тие привлекуваат добра енергија. Малите градини поставени покрај прозорецот се идеални за кујната, во нив можете да засадите разни билки, како што се магдонос, босилек…

Бања

Добро е да имате растенија што сакаат влага. На пример, орхидеите можат да напредуваат на вакви места, доколку има извор на природна светлина.

Спална соба

Вие не сакате да имате премногу растенија во оваа просторија затоа што тие се активна (јанг) енергија што може да ја саботира релаксацијата и обновувањето на телото. Но, постои едно растение што е пожелно во спалната соба, а тоа е африканската темјанушка која симболизира љубов и пари.

И лилјаните се добар избор затоа што нивните заоблени лисја делуваат смирувачки.

Прочитајте и: Тотална трансформација на ентериерот без ниту еден потрошен денар: Овие 5 работи веднаш можете да ги направите!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.