Оваа „грмушка“ остава без здив: Кларкија е цвет што ќе ви ги претвори терасата или дворот во рајска градина!

Рајска оаза!

Лесно се одгледува овој цвет со божествени розови нијанси

Кларкија амоена е едногодишен цвет кој има дури 40 варијации во најразлични нијанси, најмногу во розова боја, од најтемната до најсветлата. Расте како густа грмушка со висина до максимално 50 сантиметри, а листовите му се мали, со едноставна форма и темно зелена боја. Цветот на кларкија има четири бујни латици и раскошен изглед.

Ова прекрасно растение, со потекло од Северна Америка, се одгледува како поединечна украсна билка, но и во купчиња (грмушки) во зависност од тоа со колкав простор располагате. Еднакво добро успева во саксија, како и во градина и покрај редовната, не изискува дополнителна или специјална нега во однос на другите цвеќиња.

Кларкијата цути од јули до септември и е совршено летно цвеќе, идеално за во градина, бидејќи боите на кларкијата ќе направат вашата градина да изгледа како оаза на некој егзотичен остров.

Кларкијата го добила името по истражувачот капетан Вилијем Кларк, а нејзиното семе можете да го набавите во повеќето расадници.

Цвеќе што обожава ладовина: 5 раскошни билки за балкон и градина без сонце!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.