Кајла цели девет години живее сама во куќичка што ја направила со помош на пријателите и роднините
Кајла имала само 21 година кога купила прекрасен имот во тасманската дивина. Идејата ѝ била да има нешто свое, да се запознае подобро себеси надвор од социјалните мрежи, живеејќи во природа.
„На почетокот беше морничаво и страшно. Две години не ми беше многу пријатно сама да живеам во оваа куќа, но издржав. Се борев против мојот страв и успеав“, открила Кајла, која е уметница.
Таа нема лаптоп, мобилен телефон или телевизор. Радиото ѝ е единствениот допир со цивилизацијата што го има.
Откако го купила ова земјиште, Кајла ја изгубила првата куќа на овој имот за време на шумски пожар. Со помош на семејството, пријателите и заедницата, полека ја обновила, создавајќи магична колиба од рециклирани материјали.
„Сите ми помогнаа. Соседите и пријателите, а најмногу семејството. Со месеци спиев во комбито на татко ми додека го поправав мојот дом“, вели Кајла која самата го дизајнирала и опремила речиси секој дел од куќата.
Денес живее сама во Тасманија, во дом исполнет со креативност, карактер и срце. Таа собира дождовница која ја пие и ја користи за туширање. Се тушира во стаклена градина, во која одгледува зеленчук, а се грее на дрва. Издвоената бања претставува совршено катче за опуштање, а колибата ја проширила така што доѕидала дел за кревет. Кајла е вистински пример за отпорна и решителна жена која се стреми да успее по секоја цена.
ФОТО: Јутјуб