Уредувањето на мал стан е полесно со софа-кревет – нуди модерен дизајн и дополнителен простор за складирање
Во време кога квадратите се сѐ поскапи, а становите сѐ помали, вистинската умешност не е само да се поседува простор, туку и паметно да се искористи. Токму затоа едно парче мебел доминира во уредувањето ентериер последниве години: мултифункционален мебел на расклопување, особено софа-кревет (тросед на развлекување).
На прв поглед изгледа како обична гарнитура, но всушност е решение што го менува начинот на живот во мал стан.
Зошто токму софа-креветот е најдобриот избор?
Софа-креветот обединува две основни функции – место за седење и место за спиење. Преку ден е елегантен дел од дневната соба, а навечер се претвора во удобен кревет. Токму таа функционалност „2 во 1“ го прави идеален за мали станови, гарсониери и станови од отворен тип.
Во малите простори секое парче мора да има функција. Мултифункционалниот мебел, како софа-креветот овозможува просторот да се искористи на повеќе начини без дополнително оптоварување на квадратурата.
Максимална заштеда на простор без компромиси
Најголемата предност на ова парче мебел е очигледна – ја елеминира потребата од посебен кревет. Тоа значи:
- повеќе слободен простор за движење
- можност истата соба да има повеќе функции
- поедноставно одржување на редот
Во малите станови честопати невозможно е да се вклопи и дневна и спална соба. Софа-креветот го решава тој проблем со еден потег. Наместо да го делите просторот со ѕидови, вие го приспособувате на потребите во текот на денот.
Модерен дизајн што се вклопува во секој ентериер
Заборавете на старите, гломазни модели. Денешните софа-кревети се достапни со минималистички линии, неутрални бои и модерни материјали. Токму таквиот дизајн придонесува за визуелно зголемување на просторот.
Експертите за ентериер нагласуваат дека чистите линии и едноставниот мебел се клучни за чувството на пространост во малите станови. Софа-креветот совршено се вклопува во тој концепт – дискретен е, функционален и естетски привлечен.
Дополнителен бонус: скриен простор за складирање
Многу модели имаат и вграден сандак за постелнина. Тоа значи дека во едно парче добивате дури три функции:
- седење
- спиење
- складирање
Во пракса, тоа е огромна предност. Во малите станови честопати недостасува место за складирање, а токму ваквите решенија помагаат просторот да остане уреден и организиран.
Идеално решение за повеќе животни стилови
Софа-креветот не е резервиран само за мали станови. Тој е совршен избор и за:
- студенти и потстанари
- млади двојки
- гостински соби
- станови за издавање
Особено практичен е ако често имате гости – за неколку секунди дневната соба станува спална.
Како да го одберете вистинскиот модел?
Ако сакате да го извлечете максимумот од ова парче мебел, обрнете внимание на неколку работи:
- Механизмот на расклопување – треба да биде едноставен и издржлив
- Квалитетот на душекот – важно за секојдневно спиење
- Димензиите – приспособете ги на просторот, не обратно
- Материјалот – одбирајте лесно одржливи ткаенини
Добро одбраниот софа-кревет може да трае со години и значајно да го подобри квалитетот на животот во мал простор.
Мал трик кој прави голема разлика
Ако сакате просторот да изгледа уште поголемо и посредено, поставете го софа-креветот до ѕид и комбинирајте го со полици и вертикално складиште. Искористувањето на висината на просторот дополнително го ослободува подот и го прави станот пофункционален.
ФОТО: Unsplash