Никој веќе не ги чува овие работи дома: 11 застарени детали што би требало да ги исфрлите!
Засукајте ги ракавите
Заменете ги овие детали со некои поедноставни или само исфрлете ги – ентериерот ќе почне да дише без нив
Додека се обидуваме да го уредиме домот за да изгледа удобно, елегантно и модерно, често правиме големи грешки. Некогаш причината за тоа е љубовта кон старите работи што ни е жал да ги фрлиме, некогаш одбираме лоши бои, а некогаш ја следиме модата што трае кратко.
Следниве 11 детали треба да ги исфрлите од домот, бидејќи веќе не изгледаат ни убаво ни модерно – потполно се застарени!
1. Седум слонови
Некогаш, секој дом на полицата со книги имаше и седум слонови. Денес овие фигури се сметаат за застарени детали, кои би требало да ги тргнете и да ги замените со некоја поедноставна декорација.
2. Декоративни ладала
Уште еден детаљ од минатото кој прави просторот да изгледа помал. Наместо големи ладала, денес најдобра опција е сетот од три декоративни постери или убава слика.
3. Старински лустери
Познатите лустери со висечки украси денес се заменуваат со поедноставни светла, кои се физички помали, но и понатаму даваат добра светлина.
4. Златни впечатливи детали
Спротивно на верувањето на многумина, овие детали не изгледаат скапо, туку евтино.
5. Низок висечки лустер
Потполно непотребен детаљ во секој дом. И потполно непрактичен.
6. Плочки во две бои
Кога се плочките во прашање, следете го правилото „што поедноставно, тоа подобро“.
7. Милје
Некогаш покриваа сè, од полици до телевизори и перници. Сепак, милјето денес е предмет од минатото кога станува збор за уредувањето на ентериерот.
8. Проѕирни завеси
Рака под рака со милјеата и проѕирните завеси полека заминаа во минатото.
9. Регали покрај целиот ѕид
Ова некогаш беше централниот дел од мебелот во повеќето домови. Денес, нема потреба од нив – многу помалите парчиња се популарни, а притоа, нивната прилагодена големина прави просторот да изгледа поголем.
10. Старински часовници
Нема потреба еден часовник да зазема толку место.
11. Огледало со светилки
Ова парче мебел треба да остане таму од каде што и потекнало – во студиските шминкерници.