Не се знае кој е поубав: Топ-трендови за уредување ентериер во 2022!

Одлични идеи

Ќе посакате токму вака да го уредите овој дом

Нè интересираше кои трендови за уредување на животниот простор ќе бидат најактуелни во 2022 година, и еве што дознавме од водечките експерти на полето на дизајн на ентериер.

Најактуелните трендови според изборот на дизајнерите на ентериер ќе ве натераат сериозно да размислите за преуредување на станот. Доколку сакате да бидете во чекор со времето и да го средите домот по последна мода, обрнете внимание…

Кујна со смели акценти

Последниве неколку години, потполно белите кујни беа непогрешлив начин за срцето на домот да изгледа светло, модерно и свежо. Меѓутоа, во 2022 година се чини дека домаќините ќе се стремат кон додавање топлина и карактер во сите делови од своите домови, па и во самата кујна. Кујните со смели и весели акценти се насекаде околу нас, а се чини дека овој тренд ќе се задржи и наредната година. Деталите од дрво или деталите во интересни бои се одличен избор.

Природно осветлување

Иако индустрискиот стил е еден од најпопуларните последниве години, дури и кога станува збор за осветлувањето, се чини дека и тој полека, но сигурно ќе биде заменет со парчиња инспирирани од природата. Ратанот, бамбусот, како и плетенките стануваат сè попопуларни, така што сосема логично е да се претпостави дека токму овие материјали ќе го исфрлат од употреба црното мат светло засилено со метални елементи.

Шарм и топлина на викендичката

Иако многу елементи од модерните трендови за декорација на селските куќи ќе преживеат во 2022 година, тоа повеќе нема да бидат претерано белите ѕидови, широките стаклени врати и сличните детали. Напротив, време е модерните селски куќи да се заменат со шармантни и топли викендички, додека од акцентните детали може да се очекуваат уште кичести изданија, како што се цветните дезени, земјените придушени бои и старинскиот порцелан.

Јапанди и бохо остануваат актуелни

Јапанди и бохо-стилот едноставно никогаш не излегуваат од мода

Вештачките билки заминуваат во заборав

Иако овој тренд на „лажни“ билки се појавува одвреме-навреме чисто за да нè потсети дека и тоа може да биде еден од начините на декорација на ентериерот, едно е сигурно – 2022 година дефинитивно нема да биде плодоносна за сите љубители на вештачкото цвеќе. Природното, бујно, зелено и живо цвеќе е она за коешто повеќето домови ќе се одлучат оваа година.

Отворете ги вратите на домот за… зимата, но во поинакво руво!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.