Најубавите соништа на дофат на раката

Наскоро „Нефа“ пристигнува и во вашиот град!

За да ја користите дневната соба во текот на денот за одмор, опуштање и дружење со пријателите, а во текот на ноќта како оаза на мирот, многу е важно да го усогласите двојниот амбиент. Избирајте умерени и топли бои за ѕидовите. Ако користите лустер или плафонерка во текот на денот, задолжително имајте и понекоја подна ламба, која ќе ја направи собата пријатна за спиење. Изберете мебел што ќе се вклопи и во дневниот и во ноќниот амбиент, но внимавајте да биде габаритен за воопшто да не можете да го поместите. Мебелот треба да биде модерен, елегантен, практичен и функционален.

Кога избирате двосед или тросед, изберете го оној што може да се спушти и да биде удобен за спиење.

Дел од групацијата „Нефа“ е фабриката, која се одделува од традиционалните фабрики за мебел преку иновативниот индустриски пристап во производството на мебел. Сериското производство подразбира користење репроматеријали од познати европски доставувачи и примена на модерна индустриска опрема, комбинација што резултира со изедначен квалитет, цена на производите и краток рок на испорака до крајниот купувач.

Малопродажниот синџир на „Нефа“ расте брзо, моментално има повеќе од 30 салони во Србија, 10 во Босна и Херцеговина и 11 во Македонија, како и високофункционална веб-страница www.nefa.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.