Оваа година вашиот дом нека заблеска со полн сјај
Пред да почнете со китење, најпрво треба да одредите во кој агол од домот е најдобро да ја сместите елката.
Се препорачува да ја поставите во близина на прозорец, бидејќи така најдобро ќе дојде до израз поради природната светлина во текот на денот.
А кои бои е најдобро да ги одберете за украсување на божиќното дрво?
Црвена и златна
Трендовите се менуваат, но класиката никогаш не излегува од мода. Комбинацијата на црвена и златна секогаш е полн погодок. Освен што изгледа ефектно, се верува дека црвената боја привлекува среќа и благосостојба во домот.
Бела и сребрена
Доколку сте љубители на нежна, чиста естетика, одберете комбинација на бела и сребрена. Украсите во оваа боја ќе дадат доза на елеганција и раскош.
Кафена и златна
Оваа година доминира кафената боја. Ја гледаме насекаде, од гардеробата па сè до домашните декорации. Доколку сакате да бидете во чекор со последните трендови, одберете украси во оваа боја. Ќе изгледа несекојдневно, а многу елегантно.
ФОТО: Пинтерест