Најнова генерација фрижидери кои не им го менуваат автентичниот мирис на намирниците

Врвeн квалитет и одлични перформанси

Вашето омилено овошје или зеленчук ќе останат свежи и по неколку дена.

Искусните хедонисти знаат дека вистинското уживање се случува во кујната. Кога ќе се вратите од работа, уморни, првото нешто што ќе направите е да влезете во кујната и да го отворите фрижидерот. Храната како лек за душата или пијалок наместо антистрес терапија се идеална комбинација за релаксација.

Кога ќе го отворите фрижидерот, едноставно знаете дека сте дома, во вашата оаза на мирот. Кујната е срцето на секој дом, место за гастрономско уживање и релаксација по напорниот ден. Најчесто користениот уред во тој простор, и за многумина најважната работа во домот, е неговото величество – фрижидерот.

Квалитетниот фрижидер е вашиот најдобар сојузник во секојдневниот живот. Благодарение на иновативната технологија, нема да мора да одите во продавница секој ден, бидејќи имате доволно простор за складирање.

Фрижидерите Samsung RF65A967ESR / EO се одликуваат со Cool Select zone + и обезбедуваат супериорна флексибилност во складирањето на храна за сè да остане свежо. Тројниот систем за ладење и технологијата која овозможува флексибилна температура ја одржува храната свежа подолг временски период.

Вашето омилено овошје или зеленчук ќе останат свежи и по неколку дена.

На пример, вообичаено е верувањето дека храната што не бара ниски температури треба да се чува во вратата на фрижидерот, додека долните полици како најстудени делови на фрижидерот, се резервирани за расиплива храна.

Но, кога станува збор за новата генерација на Samsung фрижидери, револуционерното тројно ладење независно ја контролира и оптимизира температурата, ја максимизира влажноста и спречува мешање на непријатни мириси во три оддели создавајќи идеална околина за складирање на различните видови храна кои остануваат свежи подолго и тоа прилагодливо со едноставно вртење на контролното копче.

Ова е особено важно сега во текот на летото, кога имаме различна храна што ја оставаме во фрижидер, а можеби немаме време да ја спакуваме во кутии за складирање.

Можете подоцна да уживате во вашето омилено јадење без страв дека ќе добие поинаков мирис. Голема предност е и Optimal Fresh + делот, кој може да се користи како единствена фиока или да се подели во две зони со различни температури.

Фрижидерот Samsung RF65A967ESR / EO освен со исклучителна ефикасност и функционалност ќе ве воодушеви и со едноставниот, елегантен дизајн. Долниот десен оддел може лесно да се претвори од фрижидер во замрзнувач со прилагодување на температурата.

Овој иновативен Samsung уред нуди феноменално решение, со Power Cool и Power Freeze опција и само еден клик имате дополнителен простор за замрзнување. Ова го прави овој уред омилен избор оние на кои за одредени настани родендени, слави и забави им треба дополнителна фиока во замрзнувачот.

Благодарение на големиот капацитет, има доволно простор во фрижидерот и замрзнувачот за складирање на секаков вид храна.

Она што го прави овој модел уште попрактичен, се четирите врати што се отвораат широко, па сè е прегледно на прв поглед.

Елегантниот, безвременски дизајн совршено ќе одговара на секоја кујна, а едноставната комбинација на полици ќе биде многу корисна за прослави кога треба да разладите пакувања со пијалаци.

Фрижидерот Samsung RF65A967ESR / EO ќе ве освои на прв поглед со дизајнот и елеганцијата, а откако ќе го сместите во вашата кујна ќе ви значи многу повеќе од кој било апарат за домаќинство. Уверете се сами!

Дознајте повеќе на линкот https://www.samsung.com/mk/refrigerators/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.