На кој начин сукулентите се добри за нашето здравје?

Неверојатни придобивки

Знаеме дека домашните растенија отсекогаш биле лесен начин да донесете зеленило во домот, а сегашниот тренд на сукуленти е можеби нашиот омилен, бидејќи покрај тоа што се убави, тие бараат многу малку внимание со оглед на нивното лесно одржување и способност да преживеат во најтешките околини.

За среќа, покрај тоа што изгледаат прекрасно и бараат минимално одржување, тие исто така доаѓаат со некои корисни здравствени придобивки.

Научете пет начини на кои сукулентите можат да ви помогнат да живеете поздрав живот:

Тие ни помагаат да дишеме

За време на процесот на фотосинтеза, растенијата ослободуваат кислород, но ноќе повеќето растенија дишат како луѓето, ослободувајќи јаглерод диоксид.

Сукулентите и неколку други растенија, како орхидеи и палми, продолжуваат да произведуваат кислород во текот на целата ноќ. Токму овие растенија се чуваат во спалната соба со цел да се добие дополнителна количина освежен воздух за време на спиењето, што на крајот доведува до подобар и поквалитетен сон.

Тие го прочистуваат воздухот

Сукулентите, како што е „јазикот на свекрвата” и алое вера, се одлични за чистење на воздухот и отстранување на токсините. Истражувањето на НАСА открило дека тие се во можност да отстранат 87 проценти од нестабилните органски соединенија.

Покрај тоа, овие растенија се многу корисни во дневните простории, библиотеките и работните средини затоа што токсичните материи како бензен и формалдехид се наоѓаат во теписи, чад од цигари, кеси со намирници, книги и мастила.

Тие помагаат да се спречат болести

Околу 10 проценти од влагата во атмосферата е вода што ја ослободуваат растенијата. Истото важи и за нашиот дом. Колку повеќе растенија имаме, особено во групи, толку подобро можеме да ја подобриме влажноста во домот, што може да спречи сува кожа, настинка, болки во грлото и суви кашлици.

Студијата на Норвешкиот универзитет за земјоделство откри 60% намалување на стапката на болести во канцелариите со растенија. Тина Брингслимарк, експерт за психологија на животната средина, изјави: „Ние ја испитавме количината на пријавени болести и ја споредивме со количината на растенија во канцелариите. Колку повеќе растенија имало, толку помалку има пријавено болести“.

Тие ни помагаат да се концентрираме

Бројни студии откриле дека концентрацијата, вниманието и способностите на мозокот се подобруваат кога луѓето учат или работат со растенија во просторијата.

Истражувањата од Универзитетот во Мичиген покажаа дека меморијата се подобрила за дури 20 проценти кога биле присутни растенија. Малите растенија, како што се сукулентите, се особено корисни во работното опкружување бидејќи не заземаат многу простор на масата.

Тие помагаат во побрзо закрепнување

 

Сукулентите можат да помогнат во намалувањето на симптомите на грип, главоболките, треска и кашлица. Според истражувачите од Универзитетот во Канзас, пациентите во болница со растенија во нивните простории барале помалку лекови против болки против болки, имале понизок крвен притисок и отчукувања на срцето и чувствувале помалку замор и вознемиреност.

Прочитајте и: Овие растенија најдобро го чистат воздухот во домот

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.