Мислам дека затвор и поправен дом се подобро уредени – попријатно е во лудница: Ријалити-ѕвездата објави фотографии од својата куќа – луѓето се шокираа (ФОТО)

Дом без душа

Што мислите вие?

Ни се чини дека ништо не може да ја спречи Ким Кардашијан да биде во центарот на вниманието, а кралицата на Инстаграм многупати досега покажала дека за неа не постои лош публицитет, бидејќи врти-сучи, таа на крајот завршува со голема сума пари на банковната сметка.

Затоа, се’ што прави мора да се искоментира, а не е исклучок и уредувањето на нејзиниот дом.

Имено, неодамна фановите ја осудија Ким Кардашијан за нејзиниот „вкус“ кога е во прашање уредувањето на домот, а причина за ова е нејзината објава со опис:

„Работите што ме прават среќна дома“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Старлетата сподели неколку фотографии од својот дом и на една фотографија ја покажа својата спална соба со бели и сиви мермерни ѕидови.

minimalist kitchen tableНа една од фотографиите, таа покажа и како изгледа нејзината дневна соба, која беше украсена со столици и кауч, ќебе и тепих.

Kuća Kim KardašijanИ сè во собата, вклучувајќи ги и ѕидовите, е во иста боја.

Spavaća soba Kim Kardašijan

„Куќата ти изгледа како да ти е празна душата!“, „Ми беше студено гледајќи го ова“, „Ова е толку депресивна куќа“, „Кимберли, има поудобни поправни установи од ова“, „Ова е самица“, „ Изгледа дека живееш во пеколот, Ким“, „Би се чувствувала како да спијам во мртовечница во таа спална соба“, се само дел од коментарите.

kitchen with a large block island with views into a sitting areaСепак, нејзините 334 милиони следбеници на Инстаграм не се единствените кои ја критикуваат нејзината куќа, земајќи предвид дека бјути-магнатот претходно откри дека нејзината деветгодишна ќерка Норт Вест често го нарекува нивниот дом „грд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.