Контејнерот од 15 квадрати го претворила во рај со минимален влог: Ентериерот ќе ве воодушеви, а има и играчница!

Неверојатно

Лулу покажала како може да изгледа куќичка од 15 квадрати направена од контејнери

Животот во необични услови навистина е возможен, а тоа го има покажано и една самохрана мајка која живее со мала ќерка во транспортен контејнер.

Имено, контејнерот претходно се користел за увоз на роба од Кина, а Лулу успеала од него да направи прекрасен дом. Лулу по потекло е од село во Австралија, а сега живее во Америка со ќеркичката.

Лулу е инаку самохрана мајка, која не се интересира за вообичаениот стил на живот. Имено, оваа жена не е некој што може да работи од 9 до 5, а не е ни тип што би работел само за да плати станарина.

Кога дошло време Лулу да се исели од својата куќа, нашла неверојатно место за тоа. Имено, со својата мала ќерка се преселила во напуштен контејнер за превоз на роба.

Жената немала никакво искуство со градежништво, а успеала од контејнерот да направи дом само за еден месец. Лулу потрошила 4.000 долари за да вгради прозорци, изолација, како и кујна со шпорет за кампување и бојлер.

„Кога немате пари, мора да бидете креативни“, рекла Лулу.

Откако неколку пати ја посетила депонијата во близина, Лулу буквално нашла сѐ што ѝ треба за да го изгради својот дом од рециклиран материјал. Буквално сѐ, од подови до плакари, сѐ искористена роба, но во одлична состојба. Таа има и када, тоалет, мијалник и мала играчница.

Контејнерот бил само 15 кавдратни метри голем, а Лулу по некое време сфатила дека им треба повеќе простор. Па така, ја изградила нивната нова спална соба на долниот дел од куќичката за кампување.

Лулу се бори против стандардните стереотипи на нормалните мајки така што се обидува да живее едноставен живот и да поминува што повеќе време со својата ќерка.

2 спални соби, кујна, бања и дневна соба: Сè собрало во најудобната куќа направена од контејнери!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.