Колекција за совршен дом: Приспособливи, интуитивни и автоматски апарати за домаќинство

Во денешно време сите посакуваме секојдневјето и обврските да бидат што поедноставни! Но во модерната доба, кога нештата стануваат сѐ покомплицирани, нашиот животен простор можеме да го обликуваме по свое. Апаратите за домаќинство на Gorenje од колекцијата Simplicity се приспособуваат на нас, а не ние на нив, и обезбедуваат беспрекорно корисничко искуство, со одличен сооднос на квалитет за вложените пари. Да одбереме колекција апарати што ќе го уважуваат нашиот стил на живот.

  • Адаптибилна технологијашто ги препознава потребите и навиките на корисникот
  • Автоматски програмишто секојпат даваат совршени резултати
  • Интуитивно управување во еден чекоршто им го олеснува користењето на искусните корисници, но и на почетниците

ОНА ШТО ГО САКАМЕ СИТЕ!

За кујна од соништата ни се неопходни две работи – функционалност и естетика, а овие потреби во целост ги задоволува индукциската плоча за готвење од колекцијата Gorenje Siplicity, која се одликува со префинет дизајн, чисти линии, квалитетни материјали и ергономски детали, кои овозможуваат едноставно управување и одржување. Индукциската плоча SuperPower се одликува со сила од дури 7.100 вати, што резултира со исклучително ефикасно и брзо приготвување храна, а функцијата SuperBoost овозможува уште побрзо приготвување храна, а со тоа поголема заштеда на време и енергија.

По првите 10 секунди при вклучување на плочата за готвење, благодарение на функцијата AutoDetect, таа автоматски ќе ја препознае позицијата на садот и ќе ја активира соодветната зона за готвење, една или поврзаните зони, во зависност од големината на садот.

Функцијата Boil Control обезбедува заштеда од претекување – автоматски се грижи за моментално приспособување на силата на дејствување. По почетното дејствување со најголем интензитет, зоната за готвење ја одржува температурата на посакуваниот степен и на тој начин спречува претекување и непотребно вриење на храната. Дополнителна леснотија за употреба на плочата за готвење овозможува и функцијата Timer, која може да се намести до 99 минути, како и функцијата ChildLock за заштита на децата.

Индукциската плоча за готвење Gorenje Simplicity, поради споменатите иновативни функции што ги задоволуваат и најсложените кориснички потреби, е добитник на престижната награда за дизајн Red dot.

Апаратите од колекцијата Gorenje Simplicity се достапни во црна или бела боја, кои никогаш не излегуваат од мода.

СВЕЖИ НАМИРНИЦИ СЕКОГАШ

Интелигентниот систем AdaptTech е развиен за одржување рамномерна температура во фрижидерот, без разлика колку често ја отворате вратата. Фрижидерот постојано го следи начинот на користење и ја приспособува температурата, за да се спречи нејзино зголемување и да им се обезбеди свежина на вашите намирници.

ЕДНОСТАВНО ПЕЧЕЊЕ

Благодарение на функцијата AdaptBake, рерната ќе го меморира местењето на температурата за секоја претходно наместена програма и ќе го предложи последното или најчесто користеното местење при следната употреба на рерната.

АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ

Машината за миење садови е со напредна сензорска технологија, која секогаш ги приспособува програмите за миење на садовите, за да бидат садовите секогаш совршено чисти, без оглед дали е потребно лесно заплакнување или интензивно миење. Истовремено, таа ја оптимизира потрошувачката на вода и на енергија.

АВТОМАТСКО ВКЛУЧУВАЊЕ

Кујнскиот аспиратор на Gorenje Simplicity со иновативна сензорска карактеристика AdaptLight автоматски ќе препознае кога некој стои пред плочата за готвење и ќе ја вклучи светилката на аспираторот за вас.

www.gorenje.mk

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.