Кои се најважните предуслови за незаборавна филмска вечер?

Врвен избор на филмови, одлично друштво и совршен екран…

Пренесувањето на искуството од кино сала во удобноста на вашиот дом никогаш не било полесно. Избравме неколку наслови за вас, во кои можете да уживате со вашето избрано друштво.

Замислете ја атмосферата. Станот е уреден, дневната соба е вистинска оаза на релаксација. Удобен тросед, запалена миризлива свеќа, слаба светлина, сите видови на омилени закуски на масата, пијалаците се ладат, ќебињата се префрлаат на задниот дел од троседот, а личноста со која сакате да ја споделите атмосферата штотуку заѕвони на вратата.

Звучи добро, нели?

Доста добро. Ако сте филмски ентузијаст, тогаш сигурно ви е важно на каков екран гледате филмови. Едноставно сакате да создадете кино задоволство во вашиот дом и сега тоа е возможно.

Со најсовремена технологија на телевизорот Samsung Neo QLED, содржините како што се филмови, серии, спортски натпревари, добиваат сосема нов изглед.

Обрнете внимание на петте наслови што ќе ги окупираат вашите аудио-визуелни сетила и ќе обезбедат супериорно искуство за филмска врска.

Три, четири, сега – време е за филмска вечер!

  1. Одредување на отпишаните: Нова мисија

Одличната Маргот Роби како љубената на Џокер – Харли Квин, во друштво на другиот „чуден“ тим повторно се соочува со предизвици кои оставаат без здив со најсовремената технологија на Samsung Neo QLED телевизорите!

Ако сте двојка која не гледа исклучиво романтични филмови и ви се допаѓа добра акција, нема да погрешите со овој филм. Грицкањето од нервоза додека сте максимално концентрирани на заплетите на вашите омилени херои, е уште поинтензивно поради големината на екранот.

Интересно, како расте големината на ТВ-екранот, се зголемува и самата резолуција. Ова обично значи дека подобрата резолуција, како онаа на Samsung Neo QLED 4K телевизорите, носи појасна слика на екранот.

Поголемиот екран ви овозможува да го апсорбирате секој момент од филмот – секој трик, секој кадар, запален автомобил или скршено стакло ќе изгледаат уште пореално!

  1. Тајните на Азурниот брег

Квалитетот на сликата е првиот и најважен критериум што луѓето го користат при купување телевизор. Поради ритамот на животот, не е случајно што понекогаш ви се допаѓаат филмови чија акција не бара прекумерно оптоварување на мозочните хемисфери, туку едноставно ве релаксираат и уживате во прекрасните сцени на атрактивни локации.

Еден од нив е филмот „Тајните на Азурниот брег“, во кој нашиот омилен французин Жерар Депардје ја игра главната улога. Сјајот на пејзажот во Сен Тропе, зеленилото, тиркизниот сјај на морето и приватните базени и разновидноста на боите на автомобилите и комбинациите на облека ќе бидат особено очигледни со 100% волумен на боја на Quantum Dot-технологијата.

  1. Бегство од соба 2: Без излез

Кога некое лице чувствува страв, адреналинот се ослободува и срцето работи побрзо, крвниот притисок се зголемува и мускулите се напнати, а интензитетот на емоциите се зголемува. Затоа е особено возбудливо гледањето хорор филмови на екранот, кои максимално го засилуваат ова искуство на напнатост.

На Samsung Neo QLED телевизорите, сликата е појасна и поостра од кога и да е со напредни визуелни детали, така што ќе имате можност многу сликовито да ги следите авантурите на главните ликови кои ненамерно се наоѓаат затворени во ќорсокак, полека откривајќи што имаат заедничко за преживување. Neo Quantum Pro 8K процесорот на Neo QLED 8K телевизорите содржи револуционерна технологија која користи вештачка интелигенција за да го оптимизира приказот во 8K-резолуција, користејќи податоци добиени од дури 16 невронски мрежи.

Вашето срце ќе чука побрзо, а личноста до вас нема да биде единствено одговорна за тоа!

  1. Патување низ спомени

Хју Џекмен во улога на приватен истражувач на умот на Ник Банистер се движи низ примамливиот, но мрачен свет од минатото, помагајќи им на своите клиенти да пристапат до изгубените спомени.

Овој филм се гледа во малку пообична атмосфера од онаа што следи по жестока акција или хорор, па некои од вас понекогаш може да станат додека го гледаат филмот, да запалат светло, да одат во кујна или бања.

Samsung Neo QLED ТВ е приспособен на таква ситуација. Технологијата Quantum Matrix Pro обезбедува значително намалување на влијанието на осветлувањето околу ТВ-предметите (Blooming), придружено со прецизно осветлување за прикажување длабоки црни тонови со изразени детали, благодарение на иновативните мали Quantum Mini LED-диоди.

  1. Крстарење во џунгла

Лили и Френк во нивната потрага, ќе наидат на безброј опасности и натприродни сили во измамливата убавина на бујната прашума.

Супериорниот квалитет на звукот на Samsung Neo QLED телевизорот ќе придонесе и за визуелното и за аудио искуството на овој филм. Технологијата Adaptive Sound користи вештачка интелигенција за да го оптимизира звукот базиран на анализа на сцена во реално време врз основа на содржина.

Технологијата Object Tracking Sound Pro на моделите Neo QLED 8K го следи дејството на екранот, ја позиционира репродукцијата на звучниците и создава најреално чувство на звук додека објектите се движат на екранот, како и Object Tracking Sound + на 4K-моделите.

Функцијата SpaceFit Sound, која исто така ја анализира околината, а потоа автоматски го приспособува звукот на телевизорот според неговите идеални поставки, исто така, ќе придонесе за целосно доживување. Ќе имате чувство дека шетате низ прашумата заедно со главните ликови.

Потсетете се на атмосферата од почетокот на овој текст. Samsung Neo QLED најдобро ќе го заокружи искуството за гледање филмови во вашето омилено друштво.

Во вашиот дом со овој револуционерен модел, ќе имате подобра атмосфера отколку во кино.

Повеќе информации за Samsung Neo QLED серијата и достапните модели можете да погледнете на
www.samsung.mk

 

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.