Кога-тогаш ќе се покаете што сте ги купиле овие работи: Најголемите грешки во ентериерот!

Добро размислете

Не водете се според трендовите, туку според практичноста

Кога го опремуваме или реновираме станот, во мислите ја имаме речиси целата слика како би требало да изгледа. Бараме инспирација од магазините и од новите трендови и атракции во продавниците, но следејќи ја модата и трагајќи по совршенството, често се губиме и купуваме скапи работи што не може да се менуваат секој ден, па на крајот се каеме.

Ова се некои од нив…

1. Кружен мијалник

Иако можеби е привлечен на око, во суштина е многу помалку практичен од четириаголниот. Кружниот мијалник собира помалку садови ако немате време веднаш да ги измиете, а тешко е да се замени со четириаголен без голема финансиска инвестиција.

2. Када среде бањата

Иако во филмовите изгледа одлично, во реалноста е потполно непрактична. Просечните бањи не се доволно големи за да можете комфорно да се движите околу кадата и да поставите сè друго што треба да има во бањата. Да не зборуваме за различната инсталација на цевките и водата низ целиот тоалет по бањањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LoftSpiration (@loftspiration)

3. Плакар со врати на лизгање

Искуството покажало дека вратите на лизгање брзо се расипуваат и дека само по неколку отворања, вратите повеќе не може убаво да се затворат, испаѓаат од лежиштето и слично. Освен тоа, ваквите плакари се многу поскапи од обичните.

4. Четириаголни рамни славини

Повеќето славини се прават во елипсовидна или кружна форма со причина – за да не може водата да се слева по нив и да не остава бели траги од бигорот. На четириаголните и рамните славини водата се задржува, па ако не сакате да имате неубави дамки, морате да ги бришете по секоја употреба.

5. Темни подови

Не е важно од каков материјал се, нечистотиите, ситните оштетувања и гребаници се многу повидливи на темните подови одошто на светлите.

6. Мијалник со надворешна славина

Овој тренд на славини само ќе ви отвори повеќе работа, бидејќи секогаш ќе има вода околу нив, за разлика од стандардните мијалници каде што водата сама се одлева.

7. Темна кујна со мат елементи

Изгледа одлично на фотографии, но одржувањето на ваква кујна е напорно. На елементите се гледа буквално секој отпечаток од прстите!

8. Кујнска работна површина од природно дрво

На прв поглед изгледа како одлично и здраво решение, но набрзо ќе сфатите дека не е така. По кратко користење, ќе забележите бројни оштетувања од ножеви или други ситни оштетувања. Откако ќе се оштети, многу тешко се чисти и лесно станува извор на зарази. Освен тоа, природното дрво бара поинакво, поскапо одржување за да не пропадне.

9. Отворени кујнски полици

Изгледаат одлично со сите тие најубави садови што сте ги изложиле, но тоа не е место каде што ќе можете да додадете уште садови, освен тоа, секогаш е полно со прашина…

Дали и вие сте инвестирале во нешто поради што подоцна сте се покајале?

Во кои парчиња мебел да инвестирате, а каде да заштедите при уредување на вашиот дом? Еве што велат дизајнерите!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.