Клучни правила за добро уреден дом

Нашиот дом не би бил комплетен без предметите што се наоѓаат во него, па затоа би требало да бидат функционални и убави, но и да имаат некое посебно значење што ќе нè потсетува на некои убави мигови.

Сигурни сме дека веќе го имате основното што ви е потребно, меѓутоа, постојат некои важни детали за кои можеби не знаете дека ви недостигаат, а кои би можеле да ви помогнат да креирате совршено уреден дом.

СЛИКИ И СКУЛПТУРИ

Земајќи го предвид големиот број интернет-страници што нудат поволни уметнички дела, дизајнерски постери и креативни украси, сега веќе нема простор за изговори за празните ѕидови во домот. Лични фотографии, оригинални дела, па дури и детали како разгледници и детски цртежи можат да изгледаат складно на вашиот ѕид, внесувајќи динамика во просторот.

Во некои ентериери видовме комбинација на фотографии и на празни рамки или огледала, па и тоа може да ви послужи како идеја.

УКРАСНИ ПРЕДМЕТИ

Домот го прават интересен токму деталите во него, кои често ги откриваат нашите афинитети, карактеристики на личноста, па дури и нашата смисла за хумор!

Керамиката, како најфункционален украс во домот, доаѓа во разни облици – геометриски, минималистички, богато украсени, во вид на декоративни садови, но кога има и функционална а не само декоративна функција, тогаш знаеме дека претставува одлично парче за просторот.

РАСТЕНИЈА

Во еден агол од просторијата, поставете повеќе саксии со зеленило и ќе видите како веднаш ќе оживее. Ако обожавате да готвите, во убави теглички засадете босилек, мајчина душица и рузмарин и создадете сопствена градина.

Наш предлог е сами да направите мала дрвена скала и на секоја пречка да поставите пластична саксија.

МАСИЧЕ ПОКРАЈ ВЛЕЗОТ

Освен што привлекува внимание и му дава елегантна нишка на просторот, масичката во ходникот е функционално парче мебел на кој можете да ги оставате клучевите или паричникот за да не ги загубите или заборавите на излегување. Сите дреболии можете да ги соберете ви украсна кутија или во декоративна чинија поставена на масичето во ходникот.

ЗАКАЧАЛКА

Префрлени јакни или капути преку столчињата или најблиската слободна површина се сигурен рецепт за неуредност во домот.  Закачалка за капути и јакни или поставете куки на ѕидот покрај вратата на кои ќе ги закачувате јакните, чадорите и капутите.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.